Комората отвора канцеларија за помош на компаниите

Bez autora
Jun 27 2016

Поради подолготрајната политичка криза и функционирањето на техничката Влада, министерствата и другите органи на управа не ги издаваат навреме одобренијата, дозволите, согласностите и другите документи што им се неопходни на компаниите во секојдневните бизнис-активности. Фирмите реагираат и што во одредени институции во последно време им се бара дополнителна документација, иако таа е веќе поднесена. Ова го потврди анкетното истражување во 1.000 компании од разни дејности, што го спроведе Стопанската комора во април годинава.

Комората отвора канцеларија за помош на компаниитеПоради подолготрајната политичка криза и функционирањето на техничката Влада, министерствата и другите органи на управа не ги издаваат навреме одобренијата, дозволите, согласностите и другите документи што им се неопходни на компаниите во секојдневните бизнис-активности.

Фирмите реагираат и што во одредени институции во последно време им се бара дополнителна документација, иако таа е веќе поднесена.

Ова го потврди анкетното истражување во 1.000 компании од разни дејности, што го спроведе Стопанската комора во април годинава. Како забелешка на прашањето дали компаниите имаат најави за откажување на договорите со странски партнери, нивниот одговор бил дека поради состојбата и промените во министерствата, не се процесуираат навремено редовните административни постапки, што дополнително ги нагласува проблемите со ликвидноста кај 45 отсто од домашните фирми.

„Имајќи ги предвид забелешките на компаниите околу доцнењето на административните процедури, поради што имаат проблеми во работењето, Комората формира тим кој ќе им помогне во комуникацијата и спроведувањето на процедурите кај министерствата и другите органи на управата. Тимот функционира од вчера и ќе работи 24 часа, со што особено ќе им се излегува во пресрет на производните, извозните или трговските фирми кои поради застојот со документацијата трпат големи штети во работењето“, посочи на денешната прес-конференција, Билјана Пеева-Ѓуриќ, од Стопанската комора на Македонија.

Таа додаде дека компаниите членки на Комората се информирани за почетокот со работењето на оваа оперативна канцеларија со чија помош треба навремено и ефикасно да се реализираат постапките кај надлежните институции.

Во врска со речиси едномесечното нефункционирање на Солунското пристаниште, Пеева-Ѓуриќ посочи дека Комората доставила итен допис до Унијата на грчките трговско-индустриски комори, до железничката управа на Грција, до управата на пристаништето во Солун и до евроамбасадорот Аиво Орав, за побрзо надминување на состојбите и намалување на негативните последици врз стопанството.

„Вакви ситуации со блокади и штрајкови на пристаништето во Солун или со затворање на граничните премини во Грција, имало и порано. Со цел, да се ублажат слични ситуации во иднина и да им се олесни на компаниите, Комората ќе почне да прави промоции на условите за користење на другите пристаништа во регионот, Драч, Бургас и Бар“, рече Пеева-Ѓуриќ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik