Македонија и Србија соработуваат за побезбедна храна

Bez autora
Jun 28 2016

Поинтензивна комуникација за побезбедна храна и отстранување на можните девијантни појави во делот што е обврска на Државниот инспекторат за земјоделство на Македонија и Управата за заштита на растенијата при Министерство за земјоделство и заштита на животна средина на Србија. Ова беше тема на билатералната средба што се одржа во Белград на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски со неговиот српски колега Небојша Милосављевиќ. Средбата се одржа во рамките на активностите за меѓусебно уредување на обврските по потпишувањето на Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Владата на Србија за утврдување на граничната контрола во железничкиот сообраќај на граничниот премин Прешево – Табановце.

Македонија и Србија соработуваат за побезбедна хранаПоинтензивна комуникација  за побезбедна храна и отстранување на можните девијантни појави во делот што е обврска на Државниот инспекторат за земјоделство на Македонија и Управата за заштита на растенијата при Министерство за земјоделство и заштита на животна средина на Србија.

Ова беше тема на билатералната средба што се одржа во Белград  на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски со неговиот српски колега Небојша Милосављевиќ.

Средбата се одржа во рамките на активностите за меѓусебно уредување на обврските по потпишувањето на Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Владата на Србија за утврдување на граничната контрола во железничкиот сообраќај на граничниот премин Прешево – Табановце.

Ова, како што потенцира Трипуновски е значајно за делот кој се однесува на граничниот фитосанитарен надзор на инспекциските служби.

На средбата е договорена и размена на искуства меѓу Државниот инспекторат за земјоделство и српската управа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik