„Гентерм“ почна со производство

Bez autora
Jul 21 2016

Во ТИРЗ „Прилеп“, во четврток, официјално е отворена фабриката на американскиот „Гентерм“, инвестиција вредна 20 милиони евра, во која веќе работат 450 лица, се очекува бројката на вработени да достигне 2.000. Инвестицијата на „Генетерм“ се проценува на околу 20 милиони евра, а новата фабрика ќе произведува делови за потребите на автомобилската индустрија на европскиот пазар. Она што е особено важно за нас како Влада, но и за целиот регион, е што „Гентерм“ веќе почна со вработување кадри и досега во оваа компанија се вработени над 400 луѓе.

„Гентерм“ почна со производствоВо ТИРЗ „Прилеп“, во четврток, официјално е отворена фабриката на американскиот „Гентерм“, инвестиција вредна 20 милиони евра, во која веќе работат 450 лица, се очекува бројката на вработени да достигне 2.000.

„Инвестицијата на „Генетерм“ се проценува на околу 20 милиони евра, а новата фабрика ќе произведува делови за потребите на автомобилската индустрија на европскиот пазар.

Она што е особено важно за нас како Влада, но и за целиот регион, е што „Гентерм“ веќе почна со вработување кадри и досега во оваа компанија се вработени над 400 луѓе.

Во наредните неколку години се очекува бројот на вработени да се искачи на 2.000 лица што е од големо значење за земјава, а особено за жителите на Прилеп и околните градови“, порача премиерот Емил Димитриев на отворањето на фабриката.

Димитриев изрази надеж дека оваа зона ќе биде дом на многу идни фабрики и место каде своето вработување ќе го најдат многу луѓе.

Во следниот период, се очекува со работа да почне и втората фабрика во зоната, германската компанија „Акомпласт“.

Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, отворањето на компанијата во зоната во Прилеп дополнително ќе придонесе за намалување на невработеноста во градот која со спроведувањето на комплементарните економски политики во последните 10 години е намалена за над 40 отсто.

„Новата фабрика на „Гентерм“ е доказ за одличните бизнис релации воспоставени меѓу Македонија и САД. Вкупно девет од 23-те фабрики кои работат или се во фаза на изградба во ТИРЗ-овите имаат американски капитал, а вкупното портфолио на нивните инвестиции изнесува над 150 милиони евра.

По комплетирањето на инвестициите за година – две, се очекува бројот на вработени во американските компании во Македонија да достигне над 10.000 лица“, рече Пешевски.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо потсети дека камен темелникот на ТИРЗ „Прилеп“ беше поставен во декември 2014 година и додаде дека со отворањето на фабриката на „Гентерм“ ТИРЗ „Прилеп“ станува петта функционална економска зона во Македонија по „Скопје 1“, „Скопје 2“, „Кичево“ и „Штип“.

Прецизира дека во првата фаза од инвестицијата на „Гентерм“ е изграден капацитет на површина од 10.000 метри квадратни на парцела со површина од 38.000 метри квадратни, а според проекциите на компанијата се планира производствениот капацитет да се зголеми на 22.000 метри квадратни што ќе се реализира во неколку натамошни фази.

„Во фабриката ќе се произведуваат делови за потребите на автомобилската индустрија кои ќе бидат наменети за европскиот пазар за сите реномирани производители на автомобили. Во моментов во фабриката работат 450 лица, а до крајот на годината нивниот број треба да се зголеми на 650. Во понатамошните фази ќе бидат креирани вкупно 2.000 работни места, рече Мизо.

На отворањето на фабриката во ТИРЗ Прилеп присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik