Просечната плата во јуни изнесувала 22.187 денари

Bez autora
Aug 24 2016

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни изнесувала 22.187 денари, или за 0,7 отсто повеќе во однос на платата во јуни миантата 2015 година, а во јуни годинава 1,6 осто од вработените во земјата не примиле плата, објави во вторникот Државниот завод за статистика. Според ДЗС, ваквото зголемување, во прв ред, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво - 10,6 отсто, административни и помошни услужни дејности - 6,3 проценти, и во секторот земјоделство, шумарство и рибарство од 6,3 отсто.

Просечната плата во јуни изнесувала 22.187 денариПросечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни изнесувала 22.187 денари, или за 0,7 отсто повеќе во однос на платата во јуни миантата 2015 година, а во јуни годинава 1,6 осто од вработените во земјата не примиле плата, објави во вторникот Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според ДЗС, ваквото зголемување, во прв ред, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво - 10,6 отсто, административни и помошни услужни дејности - 6,3 проценти, и во секторот земјоделство, шумарство и рибарство од 6,3 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, и тоа од 4,4 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 3,7 отсто, и стручни, научни и технички дејности од 3,4 отсто.

Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни годинава изнесува 32.637 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik