Бугарска компанија го рестартира производството на рудникот "Злетово"

Bez autora
Aug 29 2016

Бугарската компанија „Минстрој“ го рестартира производството производството на рудникот за олово и цинк „Злетово“ во Пробиштип. Компанијата ја доби концесијата на почетокот на оваа година по спроведената постапка за доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини – руди на олово и цинк за локалитетот “Злетово“ општина Пробиштип и општина Кратово со цена од околу 72.000.000 денари. Рудникот треба повторно да почне со работа од денеска, на Денот на рударите на Македонија. На Централната прослава присуствуваше Премиерот Емил Димитриев, Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, Министерот за економија Дритон Кучи и министерката за енергетика на Република Бугарија Теменужка Петкова. Кучи ја истакна важноста од рударскиот како движечки сектор во македонската економија.

Бугарска компанија го рестартира производството на рудникот "Злетово"Бугарската компанија „Минстрој“ го рестартира производството производството на рудникот за олово и цинк „Злетово“ во Пробиштип.

Компанијата ја доби концесијата на почетокот на оваа година по спроведената постапка за доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини – руди на олово и цинк за локалитетот “Злетово“ општина Пробиштип и општина Кратово со цена од околу 72.000.000 денари.

Рудникот треба повторно да почне со работа од денеска, на Денот на рударите на Македонија.

На Централната прослава присуствуваше Премиерот Емил Димитриев, Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, Министерот за економија Дритон Кучи и министерката за енергетика на Република Бугарија Теменужка Петкова.

Кучи ја истакна важноста од рударскиот како движечки сектор во македонската економија.

„Со учество од 1,5% во БДП на земјата, во рударскиот и во придружните сектори што го опслужуваат, работно се ангажирани 13.000 лица, кои придонесоа за раст на производството минатата година од околу 10 отсто. И најновите статистички показатели се позитивни, односно индексот на индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во период од јануари до јуни 2016 година, во однос на период од јануари до јуни 2015 година, бележи пораст од 3.5% отсто, а индексот на бројот на работниците во овој сектор, во истиот период бележи пораст од 1,4 % отсто, рече Кучи.

Тој потсети дека во земјава има повеќе од 150 рудници кои активно работат. Дел од нив се за експлоатација на металични минерални суровини, пред сѐ олово, цинк, бакар, сребро и злато.

Сѐ поголем е интересот за експлоатација на украсните камења, а се зголемува и бројот на копови за неметалични минерални суровини. Секако, вредни за споменување се и минералните, термоминералните и термалните води, кои во период на зголемено оранжериско производство и развој на бањскиот туризам, се сѐ поатрактивни за инвестирање.

„Рударите претставуваат наш бесценет човечки ресурс и должни сме да им обезбедиме што подобри услови за работа, а со цел да ги наградиме за нивната професионална предаденост и одговорност, и оваа година им доделуваме пригодни плакети“, рече Кучи, врачувајќи им „Признанија за најуспешните“ во форма на плакети на 15 најуспешни рудари, номинирани од страна нивните работодавци, според достигнувањата во изминатата година.

За рестартирањето на рудниците, „Минстрој“ во Македонија ја основаше фирмата „Булмак 2016“.

Сопственикот на компанијата „Булмак“ Николај Валканов, изрази посебно задоволство што централната прослава на Денот на рударите се одржа токму во Злетово, во време кога овој рудник симболично го одбележува почетокот со работа.

Бугарската комапнија треба да горестартира и рудникот „Тораница“ по прогласувањето стечај и ликвидација од претходниот концесионер „Индо минерали“.

На потпишувањето на договорот со Владата во април годинава раководството најави дека ќе ги рестартира рудниците, ќе ги задржи на работа 1.000­те вработени и оти ќе ги исплати заостанатите плати.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik