Потврден ББ кредитниот рејтинг на Македонија

Bez autora
Feb 20 2017

Политичката криза повторно е кочница за Македонија да има повисок кредитен рејтинг. Ова го констатира агенцијата „Фич“ во последниот извештај со кој го потврди претходниот кредитен рејтинг, односно земјата ја остави на рејтинг ББ, но и со негативни изгледи, кои исто така се дел од целосната оцена. Како што наведуваат од кредитната агенција, овој рејтинг се должи на добрата монетарна и солидната и прудентна макроекономска политика, кои придонесуваат девизниот курс на денарот да е стабилен. Од „Фич“ исто така нотираат дека БДП на жител е под средната вредност во земјите што спаѓаат во оваа категорија на кредитен рејтинг. Негативните изгледи, пак, се одраз на продолжената политичка несигурност, за кои агенцијата смета дека се пречка за спроведување ефикасна економска политика, како и за повисок раст на БДП и за напредокот во пристапувањето кон ЕУ.

Потврден ББ кредитниот рејтинг на МакедонијаПолитичката криза повторно е кочница за Македонија да има повисок кредитен рејтинг. Ова го констатира агенцијата „Фич“ во последниот извештај со кој го потврди претходниот кредитен рејтинг, односно земјата ја остави на рејтинг ББ, но и со негативни изгледи, кои исто така се дел од целосната оцена.

Како што наведуваат од кредитната агенција, овој рејтинг се должи на добрата монетарна и солидната и прудентна макроекономска политика, кои придонесуваат девизниот курс на денарот да е стабилен. Од „Фич“ исто така нотираат дека БДП на жител е под средната вредност во земјите што спаѓаат во оваа категорија на кредитен рејтинг. Негативните изгледи, пак, се одраз на продолжената политичка несигурност, за кои агенцијата смета дека се пречка за спроведување ефикасна економска политика, како и за повисок раст на БДП и за напредокот во пристапувањето кон ЕУ.

Според „Фич“, монетарната и фискалната политика се поставени на здрави основи. Во најновата анализа на агенцијата за земјава се вели дека најголема закана за македонската економија се политичките превирања, за кои не се знае кога ќе завршат. Клучната забелешка поради што „Фич“ на Македонија не и' дава подобар кредитен рејтинг е политичката нестабилност, која ескалира, фискалното пропаѓање и зголемување на надворешната нерамнотежа. Од агенцијата уште предупредуваат дека рејтингот може да се влоши доколку кризата не заврши.

Согласно проекцијата на „Фич“, македонската економија во 2016 година забележала раст од 2,6 отсто од БДП, што е под средната процена на растот за оваа категорија земји (кој изнесува 3,1 отсто), но е во линија на петгодишниот просек на земјата. „Домашната побарувачка се покажа отпорна во 2016 година, предводена од потрошувачката на домаќинствата. Сепак, инвестициската активност беше слаба, што, главно, се должи на потфрлањето кај јавните капитални расходи, оценува „Фич“. За во 2017 година агенцијата смета дека Македонија ќе има економски раст од 3,4 отсто благодарение на растот на извозот и на јавните и приватните инвестиции. „Главниот ризик за основната проекција на БДП останува политичкото опкружување“, се вели во оцената на „Фич“ за Македонија.

„Фич“ ја оценува фискалната позиција на Македонија како „над ББ-рејтингот“, а јавниот долг како одржлив. За годинава од агенцијата прогнозираат дека Македонија ќе има фискален дефицит од 3,3 отсто од БДП, наспроти владината цел од 3 отсто.

Дефицитот на тековната сметка е адекватно финансиран од приливите на странските директни инвестиции.

Денарот е стабилен, се наведува во оцената на „Фич“, благодарение на посветеноста на Народната банка за одржување на стабилноста. Банкарскиот сектор останува стабилен, добро капитализиран и ликвиден. Благодарение на мерките на НБРМ зголемено е и нивото на депозитите во банките.

И стопанствениците потврдуваат дека економијата е заложник на кризата. Потенцираат дека стопанството не може да издржи уште многу долго.

Минатата година во август агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија за едно скалило подолу, односно од ББ-плус на ББ со негативни изгледи за натамошно надолно ревидирање ако политичката криза нема разрешница.

„Кредитната агенција ’Фич‘ ја остави Македонија во групата земји со проблематичен кредитен рејтинг. Со ова се потврдени лошите економски политики во Македонија што ја оставија земјава и натаму ризична за кредитирање и со услови на повисоки камати поради таквиот статус“, реагираа од СДСМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik