Сиромаштијата и невработеноста паѓаат, но недоволно

Bez autora
Apr 17 2017

Сиромаштијата и невработеноста се намалуваат, но Македонија уште долго време ќе се справува со овој проблем. Позитивните статистички факти често се потенцирани од надлежните, иако меѓународните институции постојано потсетуваат дека, и покрај официјалниот пад на процентите, стапките на невработеноста и на сиромаштијата во Македонија беа и остануваат меѓу највисоките во регионот, заедно со Косово и со Босна и Херцеговина. Дека Македонија е во полоша позиција во споредба со другите земји од Западен Балкан во однос на сиромаштијата и на невработеноста, покажа и последниот извештај на Светска бака за Западен Балкан: „Побрз раст, повеќе работни места. Во него, меѓу другото, стои дека, отворањето на повеќе работни места во шесте држави од Западен Балкан придонело за намалување на сиромаштијата во регионот.

Сиромаштијата и невработеноста паѓаат, но недоволноСиромаштијата и невработеноста се намалуваат, но Македонија уште долго време ќе се справува со овој проблем. Позитивните статистички факти често се потенцирани од надлежните, иако меѓународните институции постојано потсетуваат дека, и покрај официјалниот пад на процентите, стапките на невработеноста и на сиромаштијата во Македонија беа и остануваат меѓу највисоките во регионот, заедно со Косово и со Босна и Херцеговина.

Дека Македонија е во полоша позиција во споредба со другите земји од Западен Балкан во однос на сиромаштијата и на невработеноста, покажа и последниот извештај на Светска бака за Западен Балкан: „Побрз раст, повеќе работни места. Во него, меѓу другото, стои дека, отворањето на повеќе работни места во шесте држави од Западен Балкан придонело за намалување на сиромаштијата во регионот.

„Минатата година просечните стапки на сиромаштија се намалија за околу два процента во Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија, што заедно со другите економски придобивки на овие земји, придонесе за извлекување на речиси 240 илјади луѓе од сиромаштија во период од последни три години. Причината за тоа се поголемиот број на странски инвестиции и намалувањето на невработеноста“, стои во извештајот.

Според зборовите на Елен Голдстин, регионалниот директор за ЈИЕ при Светска банка, поголемиот раст во земјите почнува позитивно да влијае врз сиромаштијата и невработеноста.

„Стапката на невработеност е се' уште е висока и е на нивото од околу 25 проценти, иако таа лани беше намалена во пет, од шесте земји на Југоисточна Европа (освен во Црна Гора)“, посочи Голдстин при неодамнешната презентација на извештајот.

Според Државниот завод за статистика, последните податоци на Лаекен индикаторот за сиромаштија за 2015 година покажуваат дека сиромаштијата изнесува 21,5 проценти и е намалена за дури 2,7 проценти во споредба со 2013 година. Тоа, сепак, значи дека речиси секој петти Македонец живее во сиромаштија. Исто така, и невработеноста оди удолу. Ланската година заврши со стапка на невработеност од 23,7 отсто, а една година претходно таа изнесуваше 26,1 процент или за една година паднала за 2,4 отсто. Најсиромашни, како што покажува статистиката, се невработените, необразованите, семејствата со 5 и повеќе членови и со еден вработен. Поради фактот дека просечната плата изнесува околу 360 евра, а минималната 160 евра, сите досегашни истражувања и анкети, но и анализи на Синдикатот, покажуваат дека дури и семејствата со двајца вработени кои имаат просечни плати, едвај крпат крај со крај во месецот. Бидејќи, според пресметки на разни организации се покажа дека за минимум живејачка на едно просечно четиричлено семејство му се потребни околу 500 евра месечно.

А, најновите податоци од анкетата на Институт за економско истражување и политики, „Фајненс тинк“, пак, покажуваат дека 28,4 отсто од македонските граѓани немаат доволно пари за да ги задоволат потребите за храна и за сметки, 41,6 проценти се социјално исклучени, а 30,4 отсто се материјално обесправени и не можат да си ги дозволат основните животни потреби.

„Стапката на сиромаштија од 21,5 отсто значи дека толкав дел од населението живее во сиромаштија и со помалку од 7.200 денари месечно“, вели Деспина Туманоска од „Фајненс тинк“. Според неа, проблемот за состојбата со сиромаштијата е комплексен, а вината не е само во институциите, туку и кај граѓаните кои треба повеќе да вложат во сопственото образование и вклопување на пазарот на трудот, преку многубројните активни мерки и програми за вработување кои се насочени за различни целни групи, пред се' за младите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik