Македонско-турски бизнис форум – нема пречки бизнисмените да соработуваат

Bez autora
Apr 20 2017

Политичката криза во Мaкедонија и периодот по референдумот во Турција не се пречка бизнисмените да соработуваат. Ова е ставот на турски и македонски бизнисмени кои денеска учествуваа на Македонско-турскиот бизнис форум организиран од Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), Стопанската комора на Измир и Стопанската комора на Македонија. Не сме дојдени за политика, туку за бизнис. Како претставници на два блиски народи, дојдени сме за развој на соработката. Сепак, не би ги коментирал политичките случувања, изјави Емре Илалан од Стопанската комора од Измир. Тој смета дека политичката криза во земјава нема да влијае на одлуката на турските бизнисмени да инвестираат.

Македонско-турски бизнис форум – нема пречки бизнисмените да соработуваатПолитичката криза во Мaкедонија и периодот по референдумот во Турција не се пречка бизнисмените да соработуваат. Ова е ставот на турски и македонски бизнисмени кои денеска учествуваа на Македонско-турскиот бизнис форум организиран од Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), Стопанската комора на Измир и Стопанската комора на Македонија.

– Не сме дојдени за политика, туку за бизнис. Како претставници на два блиски народи, дојдени сме за развој на соработката. Сепак, не би ги коментирал политичките случувања – изјави Емре Илалан од Стопанската комора од Измир.

Тој смета дека политичката криза во земјава нема да влијае на одлуката на турските бизнисмени да инвестираат.

– Ова е наша прва средба од ваков вид и не можеме да зборуваме за одлуки за инвестиции, но верувам дека во поединечните комуникации на бизнисмените ќе се зборува и за тоа – рече Илалан.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik