Кризата не ги спречи компаниите да остварат подобри профити

Bez autora
Apr 23 2017

Домашниот пазар на капитал и покрај политичката криза закрепнува, но истовремено таа влијае негативно кај странските инвеститори, покажуваат податоците кои вчера беа презентирани на 18. Годишна конференција на Македонската берза што се одржа во Охрид. Компаниите сепак се оптимисти дека кризата набрзо ќе има епилог, па оттаму и нивните очекувања дека годинава исто така ќе имаат добри резултати. Според директорот на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, Иван Штериев, во текот на минатата година на берзата бил остварен промет од 38 милиони евра само во класичното тргување, што е за 12 отсто повеќе во однос на 2015 година. Во истиот период берзанскиот индекс МБИ 10 се зголеми за 16 отсто, добри се и показателите годинава.

Кризата не ги спречи компаниите да остварат подобри профитиДомашниот пазар на капитал и покрај политичката криза закрепнува, но истовремено таа влијае негативно кај странските инвеститори, покажуваат податоците кои вчера беа презентирани на 18. Годишна конференција на Македонската берза што се одржа во Охрид. Компаниите сепак се оптимисти дека кризата набрзо ќе има епилог, па оттаму и нивните очекувања дека годинава исто така ќе имаат добри резултати.

Според директорот на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, Иван Штериев, во текот на минатата година на берзата бил остварен промет од 38 милиони евра само во класичното тргување, што е за 12 отсто повеќе во однос на 2015 година. Во истиот период берзанскиот индекс МБИ 10 се зголеми за 16 отсто, добри се и показателите годинава.

„Минатата година котираните компании остварија вкупна добивка од 185 милиони евра, дури за 25 отсто повеќе во однос на претходната година, рече во воведното излагање Штериев, додавајќи дека за поволната оцена придонесуваат и дивидендите кои ги делат повеќе компании, како од ланската добивка, а некои и од акумулираната добивка од претходните години.

„Приносот изнесува од 5-10 отсто, што е одлично ако се има предвид ниското ниво на каматните стапки“, нагласи Штериев. Тој додаде дека неизвесноста којашто ја креира политичка криза се одразува особено врз странските инвеститори кои се воздржуваат од инвестирање.

За претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Елизабета Чингаровска, има повеќе елементи кои покажуваат дека се враќа интересот за пазарот на капитал. „Вкупниот берзански промет во првиот квартал годинава изнесува 16,8 милиони евра, што е меѓу најдобрите во последните пет години“, рече меѓу другото Чингаровска, додавајќи ги и зголемениот берзански индекс, добрите финансиски резултати на компаниите, делењето дивиденди, како и состојбите на регионалните пазари.

Зборувајќи за можностите за унапредување на пазарот на капитал, таа се заложи за создавање единствен регулатор за небанкарскиот финансиски сектор, кој би се создал преку интеграција на регулаторите во областа на пазарот на хартии од вредност, осигурувањето и пензиските фондови.

„Интегрираниот регулатор може да се претвори во основен креатор и генератор на раздвижувањето на македонскиот пазар на капитал, преку низа мерки и активности кои полесно би се преземале, за разлика од постојната состојба на повеќе регулаторни тела“, рече Чингаровска.

Во рамките на конференцијата се одржаа и неколку панели, на кои дебатираа повеќе домашни и странски учесници.

На дебатата посветена на јавните наспроти приватните компании, беше потенцирано дека процесот главно се одвиваше во насока од приватни, да се креираат јавни компании кои котираат на берзата, а преку окрупнување на капиталот, тие повторно да станат приватни.

„Оние кој се трансформираа во приватни, не треба да заборават кога биле јавни", рече модераторот Кирил Јовановски, имајќи ги предвид пред се' транспарентноста и корпоративното управување. Според претседателот на УО на Еуростандард банка, Николче Петковски, „ја знаеме дијагнозата, но никако да ја воспоставиме терапијата со цел светските трендови да стигнат и кај нас, пред се во начинот на кој компаниите би го финансирале развојот. Тој сепак рече дека банките и пазарот на капитал не се конкурентни, туку треба да бидат комплементарни во финансирањето на развојот на фирмите преку кредити, односно понуда на акции.

Една од причините поради која компаниите се' уште се вртат кон банките се ниските камати.

Според директорот на Белградската берза, Синиша Крнета, во регионот банкарскиот сектор не е доволно активен, иако и натаму е главен извор на финансирањето за компаниите. Зборувајќи за дилемата дали развојот да се базира преку понуда на акции или преку банкарски кредити, тој се осврна и на актуелниот случај со „Агрокор“, при што кажа дека ако сега се праша неговиот сопственик за што би се одлучил, одговорот би се добил за секунда.

„Финансирањето на компаниите во периодот на транзиција изминатите 25 години во земјите од регионот покажува дека нивните сопственици се' уште не ги научиле лекциите за можностите што ги нуди пазарот на капитал“, рече Крнета. Зборувајќи за состојбата во Србија, тој објасни дека од вкупниот финансиски пазар таму, 92 отсто отпаѓа на банките, шест отсто на осигурителните компании, еден отсто на лизингот, а преостанатото на инвестициските фондови. Поради тоа, како што кажа, бројките и не се така позитивни бидејќи приватниот капитал отсуствува на финансиските пазари, а тој треба да биде двигател на растот и развојот на компаниите, но и на националните економии.

На конференцијата стана збор и за можностите што ги нуди регионалната платформа СЕЕ Линк во која за сега се вклучени пет берзи, а се преговара со уште четири. Една од поентите на конференцијата беше и таа дека пазарот на капитал е мотор на развојот на националните економии, кој генерира развој а со тоа влијае и врз вработеноста и зголемувањето на стандардот.

Тодоровиќ: „Тинекс“ не е на продажба

Сопственикот на синџирот маркети „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ, вели дека не размислува да ја продаде неговата компанија. Тој вчера учествуваше на дебатата за приватни наспроти јавни компании, при што оцени дека засега, единствен извор на финансирање за „Тинекс“ се банкарските кредити.

Доколку се исцрпи таквата можност, односно се надмине лимитот што може да се побара од банките, а ако на компанијата и' бидат потребни дополнителни средства за развој, не исклучува да продаде дел од компанијата на берза, но засега тоа не е случај.

„Доколку би биле акционерско друштво и би делеле дивиденда од 8 отсто, тогаш произлегува дека ’Тинекс’ вреди 50 милиони евра“, рече Тодоровиќ.

„Кристално ѕвоно“ по шести пат за „Алкалоид“

Берзата и годинава традиционално ја додели наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентна компанија, а првата награда за 2016 година ја доби „Алкалоид“ Скопје, на која ова и е шесто вакво одликување. Второто место го освои Комерцијална банка, а третото НЛБ банка.

Годинава за првпат се доделија и награди за овластени учесници на пазарот за хартии од вредност. Првата награда ја доби брокерската куќа „Илирика инвестмент“, која лани учествуваше со 29,2 отсто во вкупниот промет и со 36 отсто во вкупниот број на трансакции на берзата. Втората награда ја доби Комерцијална банка, а третата „Еурохаус“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik