Програми за поддршка на жените во бизнисот

Bez autora
Apr 26 2017

Дел од македонските компании што се раководени од жени претприемачи ќе имаат можност за полесен пристап кон финансии со цел да ја зголемат продуктивноста, конкурентноста и квалитетот на своите компании. Во таа насока, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ќе ја зајакне соработката со Програмата за зголемување на пазарното вработување (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Соработката е со цел да се зголеми вработеноста во компаниите. На првиот оглас, 4 компании, членки на ССК, кои се раководени од жени, добија поддршката за финансирање на подготовката за аплицирање за различни производи и услуги во бизнис-секторот. Поточно, стекнаа потребни информации и експертиза за добивање средства од достапните фондови. Нашиот фокус ќе биде насочен на презентација на сите достапни програми за финансиска поддршка и за аплицирање и добивање средства за развој на што поголем број компании, изјави Александар Зарков, извршен директор на ССК.

Програми за поддршка на жените во бизнисотДел од македонските компании што се раководени од жени претприемачи ќе имаат можност за полесен пристап кон финансии со цел да ја зголемат продуктивноста, конкурентноста и квалитетот на своите компании. Во таа насока, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ќе ја зајакне соработката со Програмата за зголемување на пазарното вработување (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

„Соработката е со цел да се зголеми вработеноста во компаниите. На првиот оглас, 4 компании, членки на ССК, кои се раководени од жени, добија поддршката за финансирање на подготовката за аплицирање за различни производи и услуги во бизнис-секторот. Поточно, стекнаа потребни информации и експертиза за добивање средства од достапните фондови. Нашиот фокус ќе биде насочен на презентација на сите достапни програми за финансиска поддршка и за аплицирање и добивање средства за развој на што поголем број компании“, изјави Александар Зарков, извршен директор на ССК.

Според него, годинава компаниите ќе имаат единствена можност да се запознаат детално со понудата на разни програми за бизнис-поддршка од граѓанскиот и од приватниот сектор.

Жаклина Гештаковска-Алексовска од ИМЕ посочи дека од сите претпријатија во Македонија, 30 отсто се во сопственост на жени, но 99 отсто од нив се микро или мали претпријатија што покажува дека голем дел од нив не го искористиле својот потенцијал за раст и развој.

Инаку, ИМЕ програмата, во соработка со ССК, работи на поддршка на оние компании кои сакаат да се развиваат преку обезбедување информации и кофинансирање на две клучни услуги: пристап до финансии преку изработка на бизнис-план или апликација за некои од постојните финансиски инструменти и зголемување на продажба преку практични постапки. Резултатите и од двете услуги се добри, 7 компании ја зголемиле продажбата, а 4 имаат подобар пристап до финансии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik