1 отсто од најбогатите Македонци имаат просечен доход од 4.180 евра месечно, 99 отсто заработуваат 262 евра месечно

Bez autora
Aug 27 2017

Jaзот меѓу богатите и сиромашните во Македонија е највисок од земјите во Европа, покажа првата ваква анализа на Министерството за финанси. 3 проценти од Македонците заработуваат исто колку и 50 отсто од граѓаните во земјата, покажуваат податоците од годишните извештаи на УЈП за нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните. Според анализата, во Македонија просечен доход на граѓаните е 320 евра месечно, а најбогатите, кои сочинуваат 1 отсто од населението, заработувале по 4.180 евра месечно. Како пример беше наведена новинско-издавачката куќа МПМ, која отиде во стечај. Во неа 466 вработени добивале приближно 280 евра месечно, а само еден вработен добивал 21 илјада евра.

1 отсто од најбогатите Македонци имаат просечен доход од 4.180 евра месечно, 99 отсто заработуваат 262 евра месечноJaзот меѓу богатите и сиромашните во Македонија е највисок од земјите во Европа, покажа првата ваква анализа на Министерството за финанси. 3 проценти од Македонците заработуваат исто колку и 50 отсто од граѓаните во земјата, покажуваат податоците од годишните извештаи на УЈП за нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните.

Според анализата, во Македонија просечен доход на граѓаните е 320 евра месечно, а најбогатите, кои сочинуваат 1 отсто од населението, заработувале по 4.180 евра месечно. Како пример беше наведена новинско-издавачката куќа МПМ, која отиде во стечај. Во неа 466 вработени добивале приближно 280 евра месечно, а само еден вработен добивал 21 илјада евра. Сличен пример е и текстилна фабрика во која 376 вработени,добиваат просечен доход од 140 евра, а 1 вработен добива во просек по 73 илјади евра месечно.

Минималната плата мора да се зголеми и Македонија треба да воспостави праведен даночен систем, ова се дел од реформите што ќе се спроведуваат под водство на Министерството за  финансии. На прес-конференцијата беше посочено дека учеството на најбогатите 1 отсто Македонци во вкупниот доход и натаму е во пораст. Кај најбогатите 1 отсто завршуваат и речиси 90 проценти од дивидендите и 94 проценти од каматите.

Анализата е направена врз основа на податоци од 940.000 лица во Македонија. 99 отсто од населението имаат доход само од плати и пензии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik