11 милиони долари грант од САД за Северна Македонија

Bez autora
Sep 01 2019

Република Северна Македонија ја доби втората транша во висина од 11 милиони долари од грантот од САД наменет за развојната цел „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“. По тој повод денеска се одржа средба на која учествуваа заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, и претставник на УСАИД во Северна Македонија, Ненси Годфри. На средбата беше потпишан амандман на договорот за грант меѓу Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии и Соединетите Американски Држави претставувани од Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД.

11 милиони долари грант од САД за Северна МакедонијаРепублика Северна Македонија ја доби втората транша во висина од 11 милиони долари од грантот од САД наменет за развојната цел „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“.

По тој повод денеска се одржа средба на која учествуваа заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, и претставник на УСАИД во Северна Македонија, Ненси Годфри. На средбата беше потпишан амандман на договорот за грант меѓу Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии и Соединетите Американски Држави претставувани од Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД.

Со склучување на овој амандман, УСАИД  го зголеми и планираниот износ на средства за оваа развојна цел на 25,5 милиони долари.

Елези истакна дека договорот е од особена важност за нашата држава. „Средствата се наменети за активности што ќе овозможат зголемен раст на приватниот сектор, поголема вклученост на граѓаните во носењето на одлуките, зајакнато добро владеење и подобрена кохезија во општеството“, нагласи таа.

На денешното потпишување беше истакнато дека проектите имаат за цел да ја зајакнат конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија, да го подобрат пристапот до финансии, да создадат поедноставено деловно окружување и да обезбедат поголема енергетска сигурност.

„За да се промовира учеството на граѓаните, програмите ќе го поддржат јакнењето на граѓанското општество и зголемувањето на професионалноста на независните медиуми. Со цел зајакнување на доброто владеење, обезбедуваме помош за градење на капацитетите на извршната власт, законодавните тела и националните изборни тела. И на крајот, во насока на зајакнување на врските меѓу заедниците, со овие средства се поддржуваат активности кои ќе ја подобрaт меѓуетничката интеграција и ќе го зголемaт вклучувањето на маргинализираните групи во општеството“, беше заклучено на состанокот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik