АД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 3,8 милиони евра

Bez autora
May 04 2018

АД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 88.320 мегават-часа по цена од 43,87 eвра за мегават-час. Вкупната заработка за компанијата е 3.874.598 евра. Од таму велат дека продадените вишоци се базна електрична енергија за периодот јуни, јули и август 2018 година. АД ЕЛЕМ понуди и 14.400 мегават-часа врвна енергија за која доби највисока цена од 44,05 евра за мегават-час. Со оглед на тоа што постигнатата цената беше под процените за исплатливост на производството на електрична енергија од наведениот тип, не беше извршена продажба на оваа количина, соопшти компанијата.

АД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 3,8 милиони евраАД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 88.320 мегават-часа по цена од 43,87 eвра за мегават-час. Вкупната заработка за компанијата е 3.874.598 евра.

Од таму велат дека продадените вишоци се базна електрична енергија (0-24 ч) за периодот јуни, јули и август 2018 година.

„АД ЕЛЕМ понуди и 14.400 мегават-часа врвна енергија за која доби највисока цена од 44,05 евра за мегават-час. Со оглед на тоа што постигнатата цената беше под процените за исплатливост на производството на електрична енергија од наведениот тип, не беше извршена продажба на оваа количина“, соопшти компанијата.

Продажбата на електрична енергија што беше реализирана, влеат од таму, ќе овозможи зголемување на производството на АД ЕЛЕМ во обем на наведените количини, подобрување на финансиската состојба и зголемување на портфолиото на компанијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik