Аеродромите со 17 отсто повеќе патници, најбарана дестинација Истанбул

Bez autora
Oct 09 2016

За 17 проценти е зголемен бројот на патници кои се превезени преку двата македонски аеродроми во првите девет месеци од годинава споредено со истиот период минатата година. Компанијата „ТАВ Македонија“ соопшти дека вкупниот број патници достигнал 1.382.714, а зголемување од 11 проценти има и кај вкупниот број полетувања и слетувања, односно во првите девет месеци се реализирани вкупно 13.009 лета. Најфреквентна дестинација од скопскиот аеродром бил Истанбул по што следуваат Цирих, Виена, Базел, Малме и Лондон. Со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ патувале најголем број патници, а потоа следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Аустријан ерлајнс“, „Германија флуг си“ и „Пегасус ерлајнс“.

Аеродромите со 17 отсто повеќе патници, најбарана дестинација ИстанбулЗа 17 проценти е зголемен бројот на патници кои се превезени преку двата македонски аеродроми во првите девет месеци од годинава споредено со истиот период минатата година.

Компанијата „ТАВ Македонија“ соопшти дека вкупниот број патници достигнал 1.382.714, а зголемување од 11 проценти има и кај вкупниот број полетувања и слетувања, односно во првите девет месеци се реализирани вкупно 13.009 лета.

Најфреквентна дестинација од скопскиот аеродром бил Истанбул по што следуваат Цирих, Виена, Базел, Малме и Лондон. Со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ патувале најголем број патници, а потоа следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Аустријан ерлајнс“, „Германија флуг си“ и „Пегасус ерлајнс“.

Од „ТАВ Македонија“ најавуваат нови авиолинии и посета на туроператори.

„Со новите дестинации кои ќе бидат отворени од скопскиот аеродром – Хановер на крајот на овој месец, и Доха на почетокот од 2017 година, очекуваме натамошен пораст на авиосообраќајот, што ќе ги направи нашите аеродроми поатрактивни и повидливи на регионално ниво за глобалните авиокомпании и туроператори“, вели Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Во текот на овој месец, Македонија ќе ја посетат и претставници на два големи полски туроператори со цел да ги разгледаат можностите за воспоставување на првата авиоврска меѓу Полска и Македонија, со чартер-летови до охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“ од Варшава и од Катовице во текот на летната сезона во 2017 година.

„ТАВ Македонија“ соопшти дека неодамна Македонија ја посетиле и француски туроператори кои ги разгледувале можностите за воспоставување чартер-летови до охридскиот аеродром. „’ТАВ Аеродроми’ е во комуникација и со други туроператори од Германија, Израел, Грција, Русија и скандинавските земји, со истата цел – да го зголеми бројот на летови и вкупниот сообраќај на ’Свети апостол Павле’“, се наведува во соопштението.

Во првите девет месеци од годинава има пораст од 16,6 проценти и на карго-сообраќајот на скопскиот аеродром, достигнувајќи 2.345 тони, што најмногу се должи на зголемените карго-летови за превоз на стоки на извозните компании.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik