Агенцијата „Фич” го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен

Bez autora
Feb 04 2018

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен, истовремено потврдувајќи го кредитниот рејтинг ББ. На подобрувањето на изгледот влијаеше политичката стабилизација и подобрувањето на клучните меѓународни односи. Се наведува и напредокот на „Планот 3-6-9“ на Владата, резултатот на локалните избори како потврда на мандатот за реформи, како и активноста на СЈО околу прислушуваните разговори. Според Фич, дипломатските сигнали околу решавањето на спорот со името се позитивни и Македонија очекува позитивна препорака од Европската Комисија и почеток на преговорите во текот на 2018 година.

Агенцијата „Фич” го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивенAгенцијата „Фич” соопшти дека го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен, истовремено потврдувајќи го кредитниот рејтинг ББ. На подобрувањето на изгледот влијаеше политичката стабилизација и подобрувањето на клучните меѓународни односи.

Се наведува и напредокот на „Планот 3-6-9“ на Владата, резултатот на локалните избори како потврда на мандатот за реформи, како и активноста на СЈО околу прислушуваните разговори.

Според Фич, дипломатските сигнали околу решавањето на спорот со името се позитивни и Македонија очекува позитивна препорака од Европската Комисија и почеток на преговорите во текот на 2018 година.

„Ова се убави вести за Република Македонија. Реформите, финансиската стабилизација, фискалната политика и економските мерки се препознаени и носат позитивни резултати“, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук, коментирајќи го соопштението на „Фич“.

Ревизијата на изгледот на позитивен, исто така, ги одразува оценките дека буџетскиот дефицит во 2017 изнесува 2,7% од БДП, наспроти предвидениот дефицит со ребалансот од 2,9%. Притоа, се истакнува зајакнатата доверба во посветеноста на Владата на фискалните таргети, како и плановите за постепено намалување на дефицитот на 2% на среден рок.

Според оценките на Фич, во 2017 година, државниот долг изнесува 39,2% од БДП а јавниот долг изнесува 47,4% од БДП, што претставува прво годишно намалување на јавниот долг, после континуираниот 9-годишен раст од 23% од БДП во 2008 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik