Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите изнесени на едн порталот со наслов “Внимавајте: Отровни детски сокови во Македонија- граѓаните реагираат”. Инспекциските служби во понеделникот извршија контрола кај компанијата Соко Горица дооел,за која во написот неосновано се тврди дека е производител на небезбедни сокчиња за деца. Од страна на инспекциските служби, со контролата констатирано е дека станува збор за оператор со храна кој е регистриран во Агенцијата за храна и ветеринарство и кој го има имплементирано HACCP и другите системи за безбеднoст на храната и работи согласно барањата пропишани во законските и подзаконските акти кои ја регулираат оваа материја и кои се целосно усогласени со европската легислатива.
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите изнесени на едн порталот со наслов “Внимавајте: Отровни детски сокови во Македонија- граѓаните реагираат”.
Инспекциските служби во понеделникот извршија контрола кај компанијата Соко Горица дооел,за која во написот неосновано се тврди дека е производител на небезбедни сокчиња за деца.
Од страна на инспекциските служби, со контролата констатирано е дека станува збор за оператор со храна кој е регистриран во Агенцијата за храна и ветеринарство и кој го има имплементирано HACCP и другите системи за безбеднoст на храната и работи согласно барањата пропишани во законските и подзаконските акти кои ја регулираат оваа материја и кои се целосно усогласени со европската легислатива.
Освен денешната контрола, кај овој оператор со храна, од страна на инспекциските служби направени се неколку контроли во текот на минатата година, при што не се констатирани недоследности во работењето.
Во посочените производи, кои спаѓаат во категоријата нискоенергетски освежителни безалкохолни пијалоци кои ги произведува оваа компанија, се употребуваат исклучиво дозволени адитиви.
Потврда за безбедноста на овие производи, кои оваа компанија ги извезува и во соседните земји, се направените лабораториски испитувања кои согласно HACCP планот ги врши компанијата производител. Од страна на инспекциските служби, за потврда, земени се и мостри за дополнително лабораториско испитување.
АХВ упати апел до медиумите непотребно да не се создава паника и да не се руши довербата на потрошувачите кон домашните оператори со храна, а секоја недоследност граѓаните да ја пријават во одговорната институција.