Министерството за транспорт и врски најавува дека сака да раскине повеќе од 20 договори за продажба на државно земјиште, бидејќи инвеститорите не почнале да градат на време. Како што појаснуваат од ресорното министерство само еден од овие инвеститори досега потврдил дека не го почитувал рокот за отпочнување на градба. Според Драган Симоновски, портпаролот на Министерството за транспорт и врски овој договор веќе спогодбено е раскинат, а со останатите министерството ќе се докажува на суд. Симоновски појаснува дека овие постапки се поведени уште лани, бидејќи инвеститорите кои го купиле земјиштето не го почитувале рокот за добивање на градежна дозвола. За сите договори кои не се почитуваат, односно сите инвеститори кои не ги почитуваат одредбите во нив Министерството за транспорт и врски поведува законска постапка за нивно раскинување. По раскинување на договорите, земјиштето се враќа во сопственост на државата, а на најповолниот понудувач не му се враќаат уплатените пари.
Министерството за транспорт и врски најавува дека сака да раскине повеќе од 20 договори за продажба на државно земјиште, бидејќи инвеститорите не почнале да градат на време.
Како што појаснуваат од ресорното министерство само еден од овие инвеститори досега потврдил дека не го почитувал рокот за отпочнување на градба. Според Драган Симоновски, портпаролот на Министерството за транспорт и врски овој договор веќе спогодбено е раскинат, а со останатите министерството ќе се докажува на суд. Симоновски појаснува дека овие постапки се поведени уште лани, бидејќи инвеститорите кои го купиле земјиштето не го почитувале рокот за добивање на градежна дозвола.
- За сите договори кои не се почитуваат, односно сите инвеститори кои не ги почитуваат одредбите во нив Министерството за транспорт и врски поведува законска постапка за нивно раскинување. По раскинување на договорите, земјиштето се враќа во сопственост на државата, а на најповолниот понудувач не му се враќаат уплатените пари -вели Драган Симоновски.
Лани министерството склучило 331 договор за отуѓување на земјиште, при што од јавните наддавања се собрани околу 25,6 милиони евра. Годинава од вкупно 173 склучени договори, инкасирани се 8,7 милиони евра, од што распределени се 20% во буџетот и 80% во општината каде се гради.
Преку јавните наддавања, како што информира ресорното министерство, овозможена е изградба на вкупно 193 објекти за лесна индустрија, сервиси и стоваришта, 21 објект за колективно домување, 17 комерцијално-деловни објекти, 13 хотели, 9 откупни центри за земјоделски производи, 6 големи трговски единици и 3 катни гаражи.
Симоновски воедно потсети дека се во тек повеќе јавни објави за продажба на атрактивни локации. Станува збор за парцелите на кои е предвидена изградба на хотелски комплекси и катна гаража во општина Центар, објект за здравствени институции во општина Карпош, за индивидуално домување во семејни куќи во населбата Козле во Карпош. Во тек се објави преку кои се нудат на продажба државни градежни парцели за изградба на винарии во Кавадарци и во Росоман, за викенд-куќи во Дојран и во Крушево, за хотелски комплекси, викенд-куќи, за мали комерцијални и деловни дејности во Сончева езерска населбаа Мантово во општина Конче, комерцијален објект во Ранковце. Во тек е објава и за учество на јавно наддавање за отуѓување на земјиште во општина Петровец наменето за изградба на големи трговски единици, лесни и незагадувачки индустрии и објект за образование и наука, како и за изградба на откупна станица за земјоделски производи покрај магистралата Тетово - Гостивар во општина Врапчиште.