Досега 189 институции, од кои повеќето од приватниот сектор, поседуваат акредитација од Институтот за акредитација, со што нивните услуги и производи се признати на меѓународните пазари. Директорот на Институтот, Трпе Ристоски, вчера информира дека во процедура се уште 40 акредитации, како и дека во изминатите три-четири години значително е зголемен бројот на акредитираните тела. Според него, бизнис-секторот ужива големи предности со поседување на акредитацијата.
Досега 189 институции, од кои повеќето од приватниот сектор, поседуваат акредитација од Институтот за акредитација, со што нивните услуги и производи се признати на меѓународните пазари.
Директорот на Институтот, Трпе Ристоски, вчера информира дека во процедура се уште 40 акредитации, како и дека во изминатите три-четири години значително е зголемен бројот на акредитираните тела. Според него, бизнис-секторот ужива големи предности со поседување на акредитацијата.
„Сертификатите имаат тројно значење, производите и услугите без дополнителни испитувања може да одат на светските пазари, нашите акредитирани компании можат да учествуваат на меѓународни тендери без дополнително да ја докажуваат компетентноста или стручноста, а Институтот за акредитација може да ја извршува својата дејност и надвор од границите на Македонија“, појасни Ристоски на вчерашната прес-конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија.
Тој напомена дека висината на цената за акредитација зависи од барањето на институцијата што сака да акредитира, но во однос на земјите од регионот и Европа, Македонија има најниски цени.
Ристоски оцени дека македонските компании се запознаени со предностите на процесот на акредитација, бидејќи Институтот е во постојан контакт со бизнис-заедницата, а во изминатиот период се организирани и повеќе обуки.