„Алкалоид AД“ со нови 144 вработувања во периодот од јануари до септември годинава

Bez autora
Oct 31 2018

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот од јануари до септември 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран биланс на успех, велат од компанијата. Според единечниот биланс на успех, во периодот од јануари до септември продажбите достигнуваат 5.517.737.841 денари, што е за 7% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација, која изнесува 1.070.876.587 денари, бележи зголемување од околу 9%, единечната нето-добивка изнесува 611.467.420 денари и истата е зголемена за 8%.

„Алкалоид AД“ со нови 144 вработувања во периодот од јануари до септември годинава„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот од јануари до септември 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран биланс на успех, велат од компанијата.

Според единечниот биланс на успех, во периодот од јануари до септември продажбите достигнуваат 5.517.737.841 денари, што е за 7% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.070.876.587 денари, бележи зголемување од околу 9%, единечната нето-добивка изнесува 611.467.420 денари и истата е зголемена за 8%.

„Во периодот јануари до септември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 7.216.850.652 денари, што е за 9 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 4%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 12%.

Од вкупните консолидирани продажби, 37% се остварени на домашен пазар, додека 63% се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 6%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во Унгарија со продажби од 103.199.347 денари, што е 4,3 пати повеќе од лани, потоа во Полска со продажби од 37.782.977 денари, што претставува зголемување од 3,5 пати и Украина со продажби од 125.214.639 денари, што претставува зголемување од 2,2 пати споредено со истиот период од минатата година.

Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Чешка раст од 149%, САД раст од 86%, Грузија, раст од 27%, Србија раст од 25%, Романија раст од 22%, Косово раст од 21%“, се наведува во соопштението на компанијата.

Од „Алкалоид АД“ додаваат дека гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 84%.

Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 21%, кардиолошките препарати со 17%, антибиотиците со 14%, невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби.

Сегментот хемија, козметика и билкарство, велат од компанијата, учествува со 16% во вкупните консолидирани продажби или поточно хемија учествува со 3%, козметика со 10% и билкарство учествува со 3%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.094.886.703 денари бележи раст од 7%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 587.392.889 денари е зголемена за 6%, велат од „Алкалоид“ и додаваат дека вкупните инвестиции во основни средства во периодот од јануари до септември 2018 година изнесуваат 873.482.122 денари, што е претставува зголемување за 69 % во однос на истиот период од 2017 година.

Во периодот од јануари до септември 2018 година во „Алкалоид“ се реализирани и 144 нови вработувања во Република Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik