Компанијата „Алкалоид“ АД оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2018 година, покажуваат неревидираниот единичен и неревидираниот консолидиран биланс на успех. Според единичниот биланс на успех, во првите три месеци од годинава продажбите достигнале 1.845.629.963 денари, што е 4 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација, која изнесува 365.029.832 денара, бележи зголемување од 7 отсто, единичната нето-добивка изнесува 215.295.378 денари и таа е зголемена 6 отсто.
Компанијата „Алкалоид“ АД оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2018 година, покажуваат неревидираниот единичен и неревидираниот консолидиран биланс на успех.
Според единичниот биланс на успех, во првите три месеци од годинава продажбите достигнале 1.845.629.963 денари, што е 4 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 365.029.832 денара, бележи зголемување од 7 отсто, единичната нето-добивка изнесува 215.295.378 денари и таа е зголемена 6 отсто.
Во периодот јануари – март вкупните консолидирани продажби достигнале 2.458.001.587 денари, што е 5 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се на исто ниво, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен 9 отсто.
Од вкупните консолидирани продажби, 36 отсто се остварени на домашен пазар, а 64 отсто се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34 отсто, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 8 отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20 отсто и на другите пазари се остварени 2 отсто од вкупните консолидирани продажби.
Најзабележителен раст е остварен во САД со продажби од 49.862.281 денар, што претставува зголемување од 2,7 пати, и Унгарија со продажби од 29.834.403 денари, што претставува зголемување од 10 пати во споредба со истиот период минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Полска – раст од 353 отсто, Украина – раст од 123 отсто, Косово – раст од 38 отсто, Чешка – раст од 31 отсто, Србија – раст од 28 отсто итн.
Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 85 отсто. Од нив поголем удел имаат ОТЦ-препаратите со 19 отсто, кардиолошките препарати со 16 отсто, антибиотиците со 17 отсто, невролошките препарати заземаат 13 отсто од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментите хемија, козметика и билкарство учествуваат со 15 отсто во вкупните консолидирани продажби или поточно хемија учествува со 3 отсто, козметика со 8 отсто и билкарство учествува со 4 отсто.
Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 414.007.823 денари, бележи раст од 6 отсто, а консолидираната нето-добивка во износ од 246.800.792 денара е зголемена 7 отсто.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2018 година изнесуваат 357.342.100 денари, што е речиси трикратно зголемување во однос на истиот период од 2017 година.
Во периодот јануари – март 2018 година во „Алкалоид“ се реализирани 51 ново вработување во Република Македонија.