"Алкалоид" со добивка од 3,1 милион евра

Bez autora
May 04 2014

Најголемата фармацевтска компанија во земјава, скопски "Алкалоид", може да се пофали со позитивни резултати во работењето во првите три месеци од годинава. Според неревидираниот консолидиран Биланс на успех на компанијата, објавен на официјалниот сајт на Македонска берза за хартии од вредност во период од први јануари до 31 март, компанијата остварила нето добивка по оданочување во висина од 191.017.000 денари или околу 3,1 милион евра. Во првите три месеци од оваа година, вкупните приходи од продажба на компанијата беа на ниво од 1.881.124.000 денари, додека во истиот период лани тие беа 1.719.109.000 денари. Од вкупните приходи, "Алкалоид" на домашниот пазар оствари 847.973.000 денари, додека на странскиот пазар тие беа во висина од 1.033.151.000 денари.

"Алкалоид" со добивка од 3,1 милион евраНајголемата фармацевтска компанија во земјава, скопски "Алкалоид", може да се пофали со позитивни резултати во работењето во првите три месеци од годинава.

Според неревидираниот консолидиран Биланс на успех на компанијата, објавен на официјалниот сајт на Македонска берза за хартии од вредност во период од први јануари до 31 март, компанијата остварила нето добивка по оданочување во висина од 191.017.000 денари или околу 3,1 милион евра.

Во првите три месеци од оваа година, вкупните приходи од продажба на компанијата беа на ниво од 1.881.124.000 денари, додека во истиот период лани тие беа 1.719.109.000 денари. Од вкупните приходи, "Алкалоид" на домашниот пазар оствари 847.973.000 денари, додека на странскиот пазар тие беа во висина од 1.033.151.000 денари.

Анализите покажуваат дека во периодот од јануари до март годинава, во Алкалоид се реализирани 24 нови вработувања.

Резултатите не се случајни, бидејќи "Алкалоид" е компанија која успешно ја преживеа транзицијата, го прошири својот бизнис во повеќе од 30 земји во светот и во последните 15 години инвестираше повеќе од 100 милиони евра. Компанијата успешно работи во сопственост на 6.000 мали акционери и претставува шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа, има 13 подружници и четири претставништва во странство. Дури 62% од производите "Алкалоид" пласира на пазарите на повеќе од 30 земји од светот, меѓу кои и САД.

На генералниот директор на "Алкалоид", Живко Мукаетов минатата недела во престижниот париски Театар Ле Палас му беше врачена наградата ЈИЕ Личност за 2014 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik