Континуираните заложби на „Алкалоид“ за заштита на животната средина и за енергетски ефикасното работење се наградени со престижно признание за „Најдобар регионален проект од областа на одржливата енергија“. Проектот „Надворешна реконструкција на објект за производство – Фармација“, финансиран од програмата „Вестерн Балкан састејнабл енерџи фајненсинг фасилити“, беше награден во категоријата „Енергетска ефикасност при реконструкција на деловни згради“ на свечена церемонија во Загреб. Оваа програма се реализира во државите од регионот, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Досега во „Алкалоид“ се реализирани четири проекти поврзани со кредитните линии на ВБСЕФФИ и на три проекти на локалитетите во Скопје и еден во Србија. Првиот проект се однесуваше на пренамена на дел од фабриката за козметички производи во високорегален магацин. Истовремено со овој капитален проект во 2013 година се реализираше и инвестициска активност во Белград, во фабриката за лекови.
Континуираните заложби на „Алкалоид“ за заштита на животната средина и за енергетски ефикасното работење се наградени со престижно признание за „Најдобар регионален проект од областа на одржливата енергија“.
Проектот „Надворешна реконструкција на објект за производство – Фармација“, финансиран од програмата „Вестерн Балкан састејнабл енерџи фајненсинг фасилити“, беше награден во категоријата „Енергетска ефикасност при реконструкција на деловни згради“ на свечена церемонија во Загреб. Оваа програма се реализира во државите од регионот, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Досега во „Алкалоид“ се реализирани четири проекти поврзани со кредитните линии на ВБСЕФФИ и на три проекти на локалитетите во Скопје и еден во Србија. Првиот проект се однесуваше на пренамена на дел од фабриката за козметички производи во високорегален магацин. Истовремено со овој капитален проект во 2013 година се реализираше и инвестициска активност во Белград, во фабриката за лекови. Согласно со параметрите изработени од консултантите за овие два проекта, вкупната заштеда на енергија беше поголема од 20 отсто, со што значително се надминаа параметрите на ЕБОР за оценување на подобноста. Третиот проект се реализираше во минатата година и се однесува на надворешна реконструкција на објектот за производство – фармација и во овој дел заштедата на енергија се движи околу 37отсто, додека емисијата на јаглерод диоксид е намалена за цели 30 отсто. Четвртиот проект е во тек, а се однесува на реконструкција и пренамена на постоечки објект во контрола на квалитет – фармација.