„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 10 отсто, раст на консолидираната нето-добивка од 11 отсто, инвестиции во износ од 861,4 милион денари и 143 нови вработувања во периодот јануари-декември 2017. „Алкалоид“ АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари-декември 2017 година, покажуваат неревидираниот единичен и неревидираниот консолидиран биланс на успех. Според единичниот биланс на успех, во периодот јануари-декември продажбите достигнуваат 6.932.176.270 денари, што е 8 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 10 отсто, раст на консолидираната нето-добивка од 11 отсто, инвестиции во износ од 861,4 милион денари и 143 нови вработувања во периодот јануари-декември 2017.
„Алкалоид“ АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари-декември 2017 година, покажуваат неревидираниот единичен и неревидираниот консолидиран биланс на успех.
Според единичниот биланс на успех, во периодот јануари-декември продажбите достигнуваат 6.932.176.270 денари, што е 8 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.305.754.848 денари, бележи зголемување од 8 отсто, единичната нето-добивка изнесува 765.954.710 денари и таа е зголемена 9 отсто.
Во периодот јануари-декември вкупните консолидирани продажби достигнуваат 9.094.716.094 денари, што е 10 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени 5 отсто, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен 13 отсто. Од вкупните консолидирани продажби, 38 отсто се остварени на домашен пазар, а 62 отсто на странски пазари.
Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33 отсто, во Русија и другите земји од ЗНД – 7 отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20 отсто и на другите пазари 1 отсто од вкупните консолидирани продажби.
Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 202.665.540 денари, што претставува зголемување од 13 пати, и Унгарија со продажби од 31.452.936 денари, што претставува зголемување од 3,5 пати во споредба со истиот период од минатата година.
Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Романија раст од 60 отсто, Чешка раст од 22 отсто, Полска раст од 65 отсто, Словенија раст од 12 отсто, Хрватска раст од 13 отсто, Русија раст од 17 отсто, Украина раст од 208 отсто итн.
Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 85 отсто. Од нив поголем удел имаат ОТЦ-препаратите со 21 отсто, кардиолошките препарати со 16 отсто, антибиотиците со 14 отсто, невролошките препарати заземаат 13 отсто од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 15 отсто во вкупните консолидирани продажби или поточно хемија учествува со 3 отсто, козметика со 9 отсто и билкарство учествува со 3 отсто.
Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.413.336.067 денари, бележи раст од 9 отсто, а консолидираната нето-добивка во износ од 809.277.171 денар е зголемена 11 отсто.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-декември 2017 година изнесуваат 861.420.437 денари.
Во периодот јануари-декември 2017 година во „Алкалоид“ се реализирани 143 нови вработувања во Република Македонија.