Најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид“ АД Скопје објави дека во првите 9 месеци од 2014 година остварила позитивни финансиски резултати. Во неревидираниот консолидиран биланс на успех стои дека единечните продажби во износ од 4.344 милиони денари бележат зголемување за 2 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација изнесува 801 милион денари, или 13 милиони евра што претставува зголемување од околу 10 отсто. Нето-добивката изнесува 457 милиони денари што претставува зголемување од 4 отсто. Според консолидираниот биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 5.550 милиони денари бележат зголемување од 8 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013 година, при што е реализиран раст на консолидираните извозни продажби од 11 отсто.
Најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид“ АД Скопје објави дека во првите 9 месеци од 2014 година остварила позитивни финансиски резултати.
Во неревидираниот консолидиран биланс на успех стои дека единечните продажби во износ од 4.344 милиони денари бележат зголемување за 2 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација изнесува 801 милион денари, или 13 милиони евра што претставува зголемување од околу 10 отсто. Нето-добивката изнесува 457 милиони денари што претставува зголемување од 4 отсто.
Според консолидираниот биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 5.550 милиони денари бележат зголемување од 8 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013 година, при што е реализиран раст на консолидираните извозни продажби од 11 отсто. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација изнесува 833 милиони денари што претставува зголемување од околу 10 отсто. Нето-добивката изнесува 440 милиони денари што претставува зголемување од 4 отсто. Во периодот јануари-септември 2014 година во „Алкалоид‘‘ се реализирани 54 нови вработувања.