„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби и 92 нови вработувања во периодот јануари – септември

Bez autora
Nov 02 2017

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – септември 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – септември продажбите достигнуваат 5.143.210.986 денари, што е за 7% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација, која изнесува 978.094.733 денари, бележи зголемување од околу 9%, единечната нето добивка изнесува 565.185.770 денари и истата е зголемена за 8%.

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби и 92 нови вработувања во периодот јануари – септември„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – септември 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – септември продажбите достигнуваат 5.143.210.986 денари, што е за 7% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 978.094.733 денари, бележи зголемување од околу 9%, единечната нето добивка изнесува 565.185.770 денари и истата е зголемена за 8%.

Во периодот јануари – септември вкупните консолидирани продажби достигнуваат 6.646.641.001 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 6%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 9%.

Од вкупните консолидирани продажби, 39% се остварени на домашен пазар, додека 61% се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 32%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 7%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21% и на другите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во В.Британија со продажби од 172.632.553 денари, што претставува зголемување за 15 пати и Унгарија со продажби од 23.977.965 денари, што претставува зголемување за 10 пати споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Хрватска раст од 9%, Романија раст од 69%, Словенија раст од 13%, Русија раст од 5%, Украина раст од 36%, Црна Гора раст од 10% итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 84%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 21%, кардиолошките препарати со 17%, антибиотиците со 13%, невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 16% во вкупните консолидирани продажби или поточно хемија учествува со 3%, козметика со 10% и билкарство учествува со 3%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.018.511.003 денари бележи раст од 11%, додека нето консолидираната добивка во износ од 553.940.330 денари е зголемена за 9%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2017 година изнесуваат 518.373.970 денари.

Во периодот јануари – септември 2017 година во „Алкалоид“ се реализирани 92 нови вработувања во Република Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik