Алкалоид со раст на приходите и добивката, отворени 102 нови работни места

Bez autora
Feb 28 2016

Фармацевтската компанија Алкалоид во 2015 година оствари раст на консолидираните продажби од 6 отсто, раст на консолидираната нето добивка од 8 отсто, инвестиции од над 986 милиони денари и 102 нови вработувања. Алкалоид АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 7,86 милиијарди денари што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

Алкалоид со раст на приходите и добивката, отворени 102 нови работни местаФармацевтската компанија Алкалоид во 2015 година оствари раст на консолидираните продажби од 6 отсто, раст на консолидираната нето добивка од 8 отсто, инвестиции од над 986 милиони денари и 102 нови вработувања.

Алкалоид АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 7,86 милиијарди денари (околу 127 милиони евра) што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 10 отсто. Зголемување од два отсто е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1,15 милијарда денари, (18,8 милиони евра), додека нето консолидираната добивка од 666 милиони денари (10,8 милиони евра) е зголемена за 8 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 6,018 милијарди денари, (97,8 милиони евра) што е за 4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1,07 милијарда денари 917,3 милиони евра) бележи намалување од околу 1%, додека нето добивката е зголемена за 3%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - декември 2015 година изнесуваат 986 милиони денари.

Во периодот јануари - декември 2015 година во Алкалоид се реализирани 102 нови вработувања во Република Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik