„Алкалоид” со зголемен извоз за десет отсто и 79 нови вработувања

Bez autora
Nov 07 2015

„Алкалоид“ оствари позитивни финансиски резултати во првите девет месеци од годинава, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Во периодот јануари - септември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 5.872 милиони денари, што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 10 отсто. Зголемување од 1 отсто е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првите девет месеци годинава достигнува 841 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 462 милион денари е зголемена за 5 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех.

„Алкалоид“ оствари позитивни финансиски резултати во првите девет месеци од годинава, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во периодот јануари - септември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 5.872 милиони денари, што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 10 отсто. Зголемување од 1 отсто е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првите девет месеци годинава достигнува 841 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 462 милион денари е зголемена за 5 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари - септември, продажбите достигнуваат 4.492 милиони денари, што е за 3 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 811 милиони денари, бележи зголемување од околу 1 отсто, додека нето добивката е зголемена за 3 отсто, соопштија од „Алкалоид“.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - септември 2015 година изнесуваат 530.367 илјади денари.

Во периодот јануари - септември 2015 година во „Алкалоид“ се реализирани 79 нови вработувања во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik