Раст на консолидираните продажби од 4 отсто, раст на консолидираната нето-добивка од 8 отсто и 95 нови вработувања, се дел од клучните показатели од работењето на фармацевтската компанија „Алкалоид“ - Скопје што ги оствари во периодот јануари – јуни годинава. Како што покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех, во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнаа речиси 4,2 милијарди денари, што е за 4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 5 отсто.
Раст на консолидираните продажби од 4 отсто, раст на консолидираната нето-добивка од 8 отсто и 95 нови вработувања, се дел од клучните показатели од работењето на фармацевтската компанија „Алкалоид“ - Скопје што ги оствари во периодот јануари – јуни годинава.
Како што покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех, во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнаа речиси 4,2 милијарди денари, што е за 4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.
Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 5 отсто. Зголемување од 8 отсто е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 598 милиони денари, додека нето- консолидираната добивка од 326 милиони денари е зголемена исто така за 8 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех.
Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнаа 3,24 милијарди денари, што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.
Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 583 милиони денари, бележи зголемување од околу 9 отсто, додека нето- добивката е зголемена исто така за 9 отсто.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - јуни 2016 година изнесуваа 344,3 милиони денари.
Во периодот јануари - јуни 2016 година во „Алкалоид“ се реализирани 95 нови вработувања во Република Македонија, соопшти компанијата.