Американски компании заинтересирани за инвестирање во нашата земја

Bez autora
Nov 05 2014

Претставници од повеќе компании што доаѓаат од финансискиот сектор, градежништвото, осигурувањето и трговијата на недвижен имот, прехранбената и преработувачка индустрија, кои се интересираат и ги разгледуваат можностите за инвестирање, на бизнис-форум во Њујорк, организиран во соработка со „Фајненшел тајмс“, беа запознаени со условите за водење бизнис во Македонија, кои беа презентирани од премиерот Никола Груевски. Kако што информира владината прес-служба, премиерот Груевски, кој ја предводи владината делегација, пред присутните ја нагласи стабилната макроекономска политика и континуитетот што постои во реформите со цел државата да стане привлечна за странските инвеститори. Тој истакна дека Република Македонија има многу поволна бизнис-клима, која е сериозно подобрена во последните неколку години.

Американски компании заинтересирани за инвестирање во нашата земјаПретставници од повеќе компании што доаѓаат од финансискиот сектор, градежништвото, осигурувањето и трговијата на недвижен имот, прехранбената и преработувачка индустрија, кои се интересираат и ги разгледуваат можностите за инвестирање, на бизнис-форум во Њујорк, организиран во соработка со „Фајненшел тајмс“, беа запознаени со условите за водење бизнис во Македонија, кои беа презентирани од премиерот Никола Груевски.

Kако што информира владината прес-служба, премиерот Груевски, кој ја предводи владината делегација, пред присутните ја нагласи стабилната макроекономска политика и континуитетот што постои во реформите со цел државата да стане привлечна за странските инвеститори. Тој истакна дека Република Македонија има многу поволна бизнис-клима, која е сериозно подобрена во последните неколку години.

Премиерот Груевски посочил дека добрата инвестициска клима веќе ја препознаа некои големи компании меѓу кои и „Џонсон контролс“ од САД, која задоволна од својата прва инвестиција отвори втора фабрика, „Kемет електроник“, исто така од САД, која произведува електронски уреди за автомобилската индустрија, „Амфенол“ од САД, „Џонсон Мети“ од Велика Британија, која покрај првата има и втора инвестиција, „Текнохозе“ од Италија, „Ван Хол“ од Белгија, која произведува автобуси, од кои во најмногу се извезуваат во САД, „Дрекселмајер“, „Kромберг и Шуберт“ од Германија и многу други. Исто така, во последните неколку месеци повеќе компании информираа за својата одлука да инвестираат во државата, а со неколку други сме во интензивни разговори, посочи премиерот Груевски.

Њујорк е важен трговски и економски центар и претставува најголема регионална економија во САД со најголем регионален бруто-производ.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски ја продолжува економската посета на САД, па по Њујорк ќе се обрати на бизнис-форум во Чикаго.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik