"Амфенол" ќе вработи нови 550 лица

Bez autora
Mar 31 2016

Американската компанија „Амфенол“ до крајот на годината ќе изгради фабрика во Македонија, во која ќе бидат вработени нови 550 лица. Гигантот „Амфенол“, во Кочани веќе има две браунфилд-инвестиции, а сега ќе отвори и трета, но овој пат гринфилд, односно ќе изгради нов капацитет, кој исто така ќе биде лоциран во Кочани. Ова вест ја објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот фејсбук- профил, а денеска, при промовирање нови капитални дела од областа на книжевноста, ја потврди информацијата. До крајот на годинава ќе ја изградат и ќе вработат 550 лица и заедно со досега вработените, до крајот на оваа година ќе имаат вкупно 1.300, односно 1.300 лица кои во минатото беа невработени сега стануваат вработени.

Американската компанија „Амфенол“ до крајот на годината ќе изгради фабрика во Македонија, во која ќе бидат вработени нови 550 лица.

Гигантот „Амфенол“, во Кочани веќе има две браунфилд-инвестиции, а сега ќе отвори и трета, но овој пат гринфилд, односно ќе изгради нов капацитет, кој исто така ќе биде лоциран во Кочани.

Ова вест ја објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот фејсбук- профил, а денеска, при промовирање нови капитални дела од областа на книжевноста, ја потврди информацијата.

„До крајот на годинава ќе ја изградат и ќе вработат 550 лица и заедно со досега вработените, до крајот на оваа година ќе имаат вкупно 1.300, односно 1.300 лица кои во минатото беа невработени сега стануваат вработени.

Ми претставува задоволство што ова е трета инвестиција на овој гигант, еден од оние кои се во првите 10 во светот и кој трет пат одлучува да инвестира во Македонија. Ова ќе придонесе и за понатамошното намалување на невработеноста“, рече Груевски.

Тој додаде дека невработеноста во Кочани е преполовена во однос на 2006 година. „Во 2006 година беа регистрирани 11.200 невработени, а денес се регистрирани само 5.600, значи половина од невработеноста во Кочани е намалена“, рече Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik