Анѓушев: Тендерот за гасификација ќе биде поништен зашто имаше само еден понудувач

Bez autora
Jul 16 2017

Владата донесе одлука да се поништи тендерот за гасификација на Македонија затоа што се јавила само една компанија. Според вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, избор на тендер со само една понуда секогаш е извор за можна корупција. Констатиравме дека долго време за најавуваниот проект за регионална гасификација на Македонија, за кој се информираше дека ќе се појават многу компании, добивме само една понуда. Владата донесе одлука да се формира комисија која ќе ја отвори таа понуда, ќе видиме кој е понудувач. Но, се надевам дека сите вие ќе се согласите дека понуда од само една компанија сигурно не е доволна за да добиеме квалитетен понудувач и конкурентност со кои ќе се постигне квалитетна цена за македонските граѓани, рече Анѓушев.

Анѓушев: Тендерот за гасификација ќе биде поништен зашто имаше само еден понудувачВладата донесе одлука да се поништи тендерот за гасификација на Македонија затоа што се јавила само една компанија. Според вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, избор на тендер со само една понуда секогаш е извор за можна корупција.

„Констатиравме дека долго време за најавуваниот проект за регионална гасификација на Македонија, за кој се информираше дека ќе се појават многу компании,  добивме само една понуда. Владата донесе одлука да се формира комисија која  ќе ја отвори таа понуда, ќе видиме кој е понудувач. Но, се надевам дека сите вие ќе се согласите дека понуда од само една компанија сигурно не е доволна за да добиеме квалитетен понудувач и конкурентност со кои ќе се постигне квалитетна цена за македонските граѓани“, рече Анѓушев.

Од таа причина, рече тој, моја препорака и препорака на економскиот тим на владата е тој тендер да се преработи и преобјави за да овозможиме поголема конкурентност и да можеме да обезбедиме подобри понуди и поголем бенефит за граѓаните на Република Македонија.

„Избор на тендер со само една понуда за мене е секогаш извор за можна корупција. Јас тоа нема да го поддржам никогаш, и ќе сакам поголема конкурентност на сите тендери“, рече вицепремиерот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik