Ново намалување на девизните резерви регистрираше Народна банка на Македонија. Во април годинава тие се на ниво од 2,34 милијарди евра, што е месечно намалување за 10,5 милиони евра во однос на март. Односно, девизните резерви доживеале пад од 92 милиони евра, споредено со крајот на минатата година, кога тие беа на ниво од 2,44 милијарди евра. Гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, презентирајќи ги најновите макроекономски прогнози за земјава, за девизните резерви рече дека за оваа година се предвидува тие да се намалат, но ќе останат во својата сигурна зона. Инаку, главната причина за намалувањето на девизните резерви на почетокот на годинава беше предвремената отплата на последните неколку рати од кредитната линија кон Меѓународниот монетарен фонд.
Ново намалување на девизните резерви регистрираше Народна банка на Македонија. Во април годинава тие се на ниво од 2,34 милијарди евра, што е месечно намалување за 10,5 милиони евра во однос на март. Односно, девизните резерви доживеале пад од 92 милиони евра, споредено со крајот на минатата година, кога тие беа на ниво од 2,44 милијарди евра.
Гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, презентирајќи ги најновите макроекономски прогнози за земјава, за девизните резерви рече дека за оваа година се предвидува тие да се намалат, но ќе останат во својата сигурна зона.
Инаку, главната причина за намалувањето на девизните резерви на почетокот на годинава беше предвремената отплата на последните неколку рати од кредитната линија кон Меѓународниот монетарен фонд. Таа исплата во февруари годинава значајно го намали нивото на државните девизи, и тие во вториот месец од годинава дојдоа до ниво од 2,33 милијарди евра, по што во март благо закрепнаа, а во април доживуваат ново намалување.
Првиот човек на централната банка очекува годинава да се намалат девизните резерви како последица на отплатите на земјава кон странство по основ на кредити, кои веќе биле планирани.
„Девизните резерви се предвидува да се намалат оваа година, што ќе биде резултат на повисоките отплати кои што и претходно ги планиравме. А, наредната година ќе имаме зголемување на девизните резерви“, рече гувернерот, додавајќи дека девизните резерви потоа ќе се задржат на стабилно ниво.
Најголем дел од девизните резерви во земјава се чуваат во хартии од вредност, кои на крајот на април имале вредност од 1,86 милијарди евра. Во валути и депозити се чуваат 238 милиони евра, додека, пак, монетарното злато тежи 239 милиони евра.
„Најновите податоци за девизните резерви покажуваат нивно намалување од почетокот на годината (без ефектите од ценовните и курсни разлики и ценовните промени на хартиите од вредност). Намалувањето на резервите во овој период е последица на трансакциите за сметка на државата, при што најголем ефект имаше предвремената отплата на кредитот од ММФ, користен во рамки на Кредитната линија за претпазливост“, се вели во најновиот преглед за макроекономските показатели на централната банка.