Асфалтирани се патните правци Струга - Радожда и Бучин - Варшејци, за кои жителите на Струшко минатиот месец добија ветување дека ќе бидат завршени. Во моментов е асфалтиран и целосно завршен потегот на делницата Ливадишта - Елен Камен, а се работи на асфалтирање на преостанатите 3 километри на делницата Струга - Калишта. За 2016 година преку пограмата за одржување и заштита на државните патишта предвидени се 18 милиони денари.
Асфалтирани се патните правци Струга - Радожда и Бучин - Варшејци, за кои жителите на Струшко минатиот месец добија ветување дека ќе бидат завршени.
Во моментов е асфалтиран и целосно завршен потегот на делницата Ливадишта - Елен Камен, а се работи на асфалтирање на преостанатите 3 километри на делницата Струга - Калишта.
За 2016 година преку пограмата за одржување и заштита на државните патишта предвидени се 18 милиони денари.
Инаку, со средства од подршка со Светска Банка рехабилитирани се: регионалниот пат Р2335 делница, Бучин – Вашерејци во должина од 13 километри и регионалниот пат Р2339 делница, Обршани – Боротино во должина од 3 километри. Должината на рехабилитираните патни правци изнесува 16 километри. Вкупната инвестициона вредност на патните правци изнесува 48 милиони денари.