Aстон Мартин би градел фабрика во Македонија

Bez autora
Jan 11 2016

Астон Мартин, британската автокомпанија која произведува луксузни автомобили, ја разгледува можноста да отвори нова фабрика за автомобили во Македонија. Информацијата е потврдена од два извора запознаени со проблематиката, а се вели дека компанијата Астон Мартин, од листата од 19 можни локации за нова фабрика, избрала две локации – една во американската држава Алабама и една на Блискиот исток. Но, во последните неколку недели Македонија ја подобрила својата понуда за британската компанија, која во декември соопшти дека секоја потенцијална финансиска поддршка е важен фактор во донесувањето на одлуката за конечниот избор. Македонија се вратила на листата на можни дестинации со подобра понуда, додека дестинацијата на Блискиот исток била отфрлена.

Aстон Мартин би градел фабрика во МакедонијаАстон Мартин, британската автокомпанија која произведува луксузни автомобили, ја разгледува можноста да отвори нова фабрика за автомобили во Македонија, јавува агенцијата Reuters.

Информацијата за Reuters е потврдена од два извора запознаени со проблематиката, а се вели дека компанијата Астон Мартин, од листата од 19 можни локации за нова фабрика, избрала две локации – една во американската држава Алабама и една на Блискиот исток.

Но, во последните неколку недели Македонија ја подобрила својата понуда за британската компанија, која во декември соопшти дека секоја потенцијална финансиска поддршка е важен фактор во донесувањето на одлуката за конечниот избор, велат изворите за Reuters.

Македонија се вратила на листата на можни дестинации со подобра понуда, потврдува изворот за Reuters, додека дестинацијата на Блискиот исток била отфрлена.

Висок официјален претставник на власта во Скопје, кој сакал да остане анонимен, потврдил дека Македонија е во трка, затоа што направиле добра понуда, без понатаму да објаснува што значи тоа.

Астон Мартин, чии сопственици се италијанската групација Инвестиндастриал (Investindustrial) и кувајтската групација Tejaрa капитал, треба да донесе одлука во следните неколку недели.

Компанијата до крајот на деценијата планира за четири пати да го зголеми обемот на производството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik