Автопатот Демир Капија-Смоквица ќе биде во употреба од следниот месец

Bez autora
Mar 12 2018

Автопатот Демир Капија-Смоквица е завршен целосно и веќе следниот месец ќе биде пуштен во употреба, реагира Министерството за транспорт и врски, по прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со доизградбата на автопатот Демир Капија -Смоквица. Се очекува надзорниот орган до 15 март да даде позитивен извештај за изградбата и со тоа да се заокружи целиот проект за кој во јавноста се отворија многу контроверзии наследени од претходната власт. Министерството за транспорт и врски во рок од два месеца ги заврши сите процедури во врска со одобренијата за градење и со тоа во најкраток рок е изграден контролниот центар, а далноводот е дислоциран за да може сообраќајот да се одвива безбедно, велат од Министерството.

Автопатот Демир Капија-Смоквица ќе биде во употреба од следниот месецАвтопатот Демир Капија-Смоквица е завршен целосно и веќе следниот месец ќе биде пуштен во употреба, реагира Министерството за транспорт и врски, по прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со доизградбата на автопатот Демир Капија -Смоквица.

„Се очекува надзорниот орган до 15 март да даде позитивен извештај за изградбата и со тоа да се заокружи целиот проект за кој во јавноста се отворија многу контроверзии наследени од претходната власт. Министерството за транспорт и врски во рок од два месеца ги заврши сите процедури во врска со одобренијата за градење и со тоа во најкраток рок е изграден контролниот центар, а далноводот е дислоциран за да може сообраќајот да се одвива безбедно“, велат од Министерството.

Додаваат и дека по нивен предлог се направени и измени во Законот за градење со цел да се поедностават конкретни административни постапки што се однесуваат на добивање  употребна дозвола за да не се случи автопатот да биде надвор од употреба уште најмалку две години.

Министерството ја повика опозицијата да објасни зошто навремено не се завршиле административните постапки за одобренијата за изградба на контролниот центар во Неготино и за дислокација на далноводот за да може автопатот да биде пуштен во употреба во рамките на договорените рокови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik