Автопатот Демир Капија-Смоквица следниот месец ќе биде пуштен во употреба

Bez autora
Mar 07 2018

Автопатот Демир Капија-Смоквица ќе биде пуштен во употреба кон средината на следниот месец. Во октомври лани, по предлог од Министерство за транспорт и врски, Владата реши да потпише анекс на договорот за изградба на автопатската делница Демир Капија-Смоквица, со што беше продолжено времетраењето на договорот за изградба до 28 февруари оваа година. Освен продолжувањето на рокот, анексот не предвидуваше дополнителни средства за градежните работи што треба да бидат изведени за завршување на автопатот. Градежните зафати се однесуваа на дислокацијата на далноводот на МЕПСО и на изградбата на контролниот центар. Изградбата на автопатот во должина од 28 километри почна во септември 2012 година.

Автопатот Демир Капија-Смоквица следниот месец ќе биде пуштен во употребаАвтопатот Демир Капија-Смоквица ќе биде пуштен во употреба кон средината на следниот месец, соопшти Владата.

Во октомври лани, по предлог од Министерство за транспорт и врски, Владата реши да потпише анекс на договорот за изградба на автопатската делница Демир Капија-Смоквица, со што беше продолжено времетраењето на договорот за изградба до 28 февруари оваа година.

Освен продолжувањето на рокот, анексот не предвидуваше дополнителни средства за градежните работи што треба да бидат изведени за завршување на автопатот. Градежните зафати се однесуваа на дислокацијата на далноводот на МЕПСО и на изградбата на контролниот центар.

Изградбата на автопатот во должина од 28 километри почна во септември 2012 година. Се финансира со грант од Европската комисија, заем од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој, како и со шест милиони евра од државниот буџет.

Со неговото пуштање во употреба се заокружува целосното автопатско решение на делот од Коридорот 10 што минува низ Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik