Aвтопатот Скопје-Штип ќе биде завршен навреме

Bez autora
Mar 06 2016

Изградбата на автопатот Скопје-Штип се одвива според предвидената динамика, оцени во четвртокот челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по увидот во градежните работи за изградба на локален пат меѓу штипските села Врсаково и Долно Трогирци. Автопатот е долг 47 километри, предвидено е да чини 206 милиони евра и веќе 93 отсто од трасата е пробиена, а голем дел е и асфалтирана. Во моментов се работи на повеќе клучки. Истакна дека автопатот се гради според редвидената динамика и дека ќе биде завршен навреме. За неговата изградба се ангажирани речиси 700 работници, а покрај овој автопат во Македонија се градат или реконструираат три други автопати.

Aвтопатот Скопје-Штип ќе биде завршен навремеИзградбата на автопатот Скопје-Штип се одвива според предвидената динамика, оцени во четвртокот челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по увидот во градежните работи за изградба на локален пат меѓу штипските села Врсаково и Долно Трогирци.

„Автопатот е долг 47 километри, предвидено е да чини 206 милиони евра и веќе 93 отсто од трасата е пробиена, а голем дел е и асфалтирана. Во моментов се работи на повеќе клучки“, рече Груевски.

Истакна дека автопатот се гради според редвидената динамика и дека ќе биде завршен навреме.

„За неговата изградба се ангажирани речиси 700 работници, а покрај овој автопат во Македонија се градат или реконструираат три други автопати. Тоа се автопатите Охрид-Кичево, Демир Капија-Смоквица, а активно се реконструира автопатот од Смоквица до Гевгелија. Вкупно над 2.600 работници во моментов работат на изградба на автопатиштата во Македонија“, рече Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik