Балкан Петролеум Х.Л. ја предаде документацијата за преземање во КХВ

Bez autora
Jul 06 2016

Компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, во понеделникот, официјално го поднесе барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на Макпетрол врз основа на законот за преземање на акционерски друштва до Комисијата за хартии од вредност на Македонија. Меѓу документацијата со барањето е испратена и понуда за преземање, проспект за преземање како и останата документација согласно законот, која ќе послужи за верификација на податоците во процесот. Според член 31 од законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност во рок од 10 работни дена од денот на поднесување на комплетната документација ќе треба да се произнесе со својот став во врска со дозволата.

Балкан Петролеум Х.Л. ја предаде документацијата за преземање во КХВКомпанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, во понеделникот, официјално го поднесе барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на Макпетрол врз основа на законот за преземање на акционерски друштва до Комисијата за хартии од вредност на  Македонија.

Меѓу документацијата со барањето е испратена и понуда за преземање, проспект за преземање како и останата документација согласно законот, која ќе послужи за верификација на податоците во процесот.

Според член 31 од законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност во рок од 10 работни дена од денот на поднесување  на комплетната документација ќе треба да се произнесе со својот став во врска со дозволата.

Само за потсетување, компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, на 9 јуни 2016 година објави намера за преземање на Макпетрол АД Скопје и со таквиот чекор ја започна процедударата за преземање на истоимената компанија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik