Компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, која што на 09.06.2016 објави намера за преземање на Макпетрол АД Скопје, во понеделник информираше дека на 1 јули испорачала банкарска гаранција врз основа на договор склучен со Централен Депозитар за хартии од вредност на Република Македонија. Банкарска гаранција е издадена од UBS Zurich Швајцарија на износ од 47.500.000 евра и истата е пристигната во НЛБ Банка од каде што е подигната од овластено лице од депозитарот на 01.07.2016 година. Преку оваа трансакција компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед ги демантираше сите невистини и коментари кои деновиве кружеа низ јавноста, а беа поврзани со нејзината несериозна намера за преземање на Макпетрол, се вели во соопштението што го издаде ополномоштениот претставник на компанијата.
Компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, која што на 09.06.2016 објави намера за преземање на Макпетрол АД Скопје, во понеделник информираше дека на 1 јули испорачала банкарска гаранција врз основа на договор склучен со Централен Депозитар за хартии од вредност на Република Македонија.
„Банкарска гаранција е издадена од UBS Zurich Швајцарија на износ од 47.500.000 евра и истата е пристигната во НЛБ Банка од каде што е подигната од овластено лице од депозитарот на 01.07.2016 година. Преку оваа трансакција компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед ги демантираше сите невистини и коментари кои деновиве кружеа низ јавноста, а беа поврзани со нејзината несериозна намера за преземање на Макпетрол“, се вели во соопштението што го издаде ополномоштениот претставник на компанијата.
Понатаму се додава дека следен чекор на тимот за преземање на компанијата Макпетрол е финиширањето на потребните документи за комплетирање на каталогот со информации за преземачот до Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија, а предавањето е најавено за оваа недела.