Банкарите анализираат - каматите може да паднат кај депозитите

Bez autora
Feb 19 2017

Банкарите ќе направат анализи по најновото намалување на каматната стапка на благајничките записи на Народна банка на Македонија, за тоа како оваа одлука на монетарната власт би се рефлектирала и врз нивната каматна политика. Сепак, генерално тие објаснуваат дека поради големата конкуренција во банкарскиот сектор, каматите веќе биле намалени и во досегашниот период. Намалувања се можни, но главно на каматните стапки на депозитите, а кај кредитите тоа би се вршело селективно. Инаку, како што е познато, деновиве НБМ ја симна референтната камата до 3,25 отсто, односно до нивото што го имаше се' до мај лани, кога поради повлекувањето на депозитите предизвикано од шпекулациите и политичката криза, беше зголемена на 4 проценти.

Банкарите анализираат - каматите може да паднат кај депозититеБанкарите ќе направат анализи по најновото намалување на каматната стапка на благајничките записи на Народна банка на Македонија, за тоа како оваа одлука на монетарната власт би се рефлектирала и врз нивната каматна политика. Сепак, генерално тие објаснуваат дека поради големата конкуренција во банкарскиот сектор, каматите веќе биле намалени и во досегашниот период. Намалувања се можни, но главно на каматните стапки на депозитите, а кај кредитите тоа би се вршело селективно.

Инаку, како што е познато, деновиве НБМ ја симна референтната камата до 3,25 отсто, односно до нивото што го имаше се' до мај лани, кога поради повлекувањето на депозитите предизвикано од шпекулациите и политичката криза, беше зголемена на 4 проценти.

Од НЛБ банка очекуваат дека најновата одлука на НБМ, секако дека ќе има ефект врз каматните стапки во оваа банкарска институција, со корекција надолу. „Нашите очекувања се дека оваа одлука, пред се', ќе се рефлектира на каматите на депозитите, додека каматите на кредитите може да се намалат, но селективно и со поинаква динамика. Зависи од банка до банка. Ние се' уште немаме дефинитивни одлуки по последното намалување. Инаку, во јануари веќе имавме едно намалување од околу 0,2 отсто“, објаснуваат од НЛБ банка.

Од Стопанска банка Скопје, пак, вчера не' информираа дека „со последното намалување на каматните стапки на благајничките записи и нивното враќање на минатогодишното ниво, Стопанска банка Скопје пристапи кон активна анализа на состојбите, и на најсоодветен и најодговорен начин ќе информира за евентуалните корекции кај своите производи“.

Од Комерцијална банка, пак, завчера ни изјавија дека најновата одлука на НБМ најдиректно се одразува врз каматата на парите пласирани во благајнички записи. „Освен што тоа најдиректно се одразува на намалувањето на каматата која банката ја добива на средствата пласирани во благајнички записи кај НБРМ, во моментот нема други влијанија, со оглед дека конкуренцијата и понудата на кредити кај одредени банки кои настојуваат да го зголемат пазарното учество веќе влијаеја на намалување на активите каматни стапки, додека на страната на пасивата свое влијание има високата ликвидност на банките“, велат од Комерцијална.

Инаку, НБМ извести дека по одржаната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, одлучила да ја намали каматата на благајничките записи. Причина - се исцрпеле ефектите од политичката криза. „По намалувањата од по 0,25 процентни поени во декември 2016 и во јануари 2017 година, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за дополнителни 0,25 п.п. и таа да изнесува 3,25 отсто, а понудата на благајнички записи да остане непроменета на ниво од 25.000 милиони денари. Ваквата реакција е нормализација на монетарната политика и е одраз на постојаното стабилизирање на очекувањата и на довербата на економските субјекти и со тоа континуирано исцрпување на ефектите врз економијата од политичката криза“, соопштија од НБМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik