Банкарските профити одлични и во првото полугодие

Bez autora
Aug 04 2016

Уште една од македонските банки од големата четворка прикажа пораст на добивката во првото полугодие од годинава во однос на истиот период лани. Според финансиските извештаи што деновиве беа доставени до Македонската берза, НЛБ банка во првите шест месеци оствари профит од 9,4 милиони евра, што е раст за 12,9 отсто. Претходно, Комерцијална банка објави добивка во првото полугодие од 3,3 милиони евра, што иако се' уште не е во рамките на целосните можности на банката, сепак, е подобрување во однос на лани, кога имала загуба од 2,95 милиони евра. Останува да се види какви финансиски резултати ќе објават Стопанска банка Скопје, како и Охридска банка Сосиете женерал, што се очекува деновиве.

Банкарските профити одлични и во првото полугодиеУште една од македонските банки од големата четворка прикажа пораст на добивката во првото полугодие од годинава во однос на истиот период лани.

Според финансиските извештаи што деновиве беа доставени до Македонската берза, НЛБ банка во првите шест месеци оствари профит од 9,4 милиони евра, што е раст за 12,9 отсто.

Претходно, Комерцијална банка објави добивка во првото полугодие од 3,3 милиони евра, што иако се' уште не е во рамките на целосните можности на банката, сепак, е подобрување во однос на лани, кога имала загуба од 2,95 милиони евра.

Останува да се види какви финансиски резултати ќе објават Стопанска банка Скопје, како и Охридска банка Сосиете женерал, што се очекува деновиве.

Инаку, покрај порастот на нето каматните приходи за 12,9 отсто, во НЛБ пораснале и нето приходите од провизии, за три проценти. Тоа се должи на зголемените приходи од провизии за 8 отсто, како резултат на остварен пораст во картичното работење, односно зголемен број на картички и зголемен број на трансакции во ПОС мрежата.

Но, зголемени се и расходите за провизии, за 21,3 отсто, главно поради зголемен обем на работа кај картичното работење, односно зголемување на бројот и вредноста на трансакциите. Вкупните приходи од работење во НЛБ банка изнесуваат 1.955.581 илјади денари, и се повисоки за 10 отсто. Вкупните оперативни трошоци, пак, биле на ниво од 1.014.463 илјади денари, што е пораст за 23,2 отсто во однос на истиот период лани.

Во извештаите на НЛБ банка се додава дека во првото полугодие годинава биле издвоени исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 277 милиони денари, пониски за 17 отсто споредено со истиот период лани.

Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 40 милиони денари и се пониски за 40 отсто. Останатите расходи од дејност се 559,6 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 47 отсто, главно поради издвоените резервации за правен ризик.

Според образложението што до берзата го достави Комерцијална банка, пак, меѓу другото стои дека остварената добивка пред исправка на вредност, која е показател за оперативната способност на банката да ги покрива расходите од работењето, е за 13,2 отсто повисока во однос на минатата година, што се должи во најголем дел на зголемените нето-приходи од камата и зголемувањето на другите приходи, при истовремено намалување на оперативните расходи.

Инаку, првиот квартал од годинава банки го завршија исклучително профитабилно, со вкупна добивка од речиси 25 милиони евра, два и пол пати повеќе од истиот период лани.

Но, откако во април се појавија непредвидени стресови во банкарскиот сектор, предизвикани поради политичката криза, како и поради шпекулациите околу девизниот курс, се постави прашањето дали таа успешност ќе може да се задржи и до крајот на годинава.

Банкарите тогаш изјавија дека она што е клучно за да опстои овој тренд на профитабилност, е во наредниот период да се задржи квалитетот на кредитните портфолија. Најголема опасност би бил евентуален раст на лошите кредити, но такви сигнали засега нема.

Инаку, според последните податоци на централната банка, во првите три месеци од годинава големите банки испорачале вкупна добивка од 21,7 милиони евра. Средните банки прикажале добивка од 4,2 милиони евра, додека, пак, на малите банки повторно не им одело добро, влегувајќи во вкупна загуба од 1,4 милиони евра.

Стопанска банка Скопје во првиот квартал оствари добивка од околу 10,6 милиони евра, што е раст за 7,5 отсто во однос на истиот период лани. НЛБ имаше профит од 5,9 милиони евра, или раст за 56,8 отсто. Профитот на Комерцијална банка изнесуваше 2,8 милиони евра, наспроти загубата во истиот период лани. Охридска банка Сосиете женерал имаше добивка од 1,9 милиони евра, односно пораст за 28,5 отсто.

НЛБ банка со профит од 9,4 милиони евра

НЛБ банка и годинава продолжува со раст на добивката. „Нето-добивката на банката заклучно со 30 јуни 2016 година изнесува 575.771 илјади денари (9,4 милиони евра) и е повисока за 12,9 отсто во однос на истиот период од 2015 година.

Во своето образложение на билансот на успех, од НЛБ банка велат дека деловната политика за оваа година ја приспособиле на економските и пазарните услови во земјата.

Нето-каматните приходи, кои се најголеми и најбитни за една банка, забележале зголемување, повисоки се за 12,9 отсто во однос на истиот период лани.

„Приходите од камати се повисоки за 5,8 отсто, главно поради повисока состојба на кредитите од населението, при пониски каматни стапки, како и повисока состојба на благајнички записи. Расходите по камати се пониски за 11,2 отсто, како резултат на намалување на каматните стапки на депозитите во текот на 2015 година“, објаснуваат од банката.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik