Пораст на профитот за близу 50 отсто регистрирал банкарскиот сектор на земјава во минатата година, во однос на претходната, 2014 година. Односно, сите банки во земјава лани оствариле вкупен профит од 75,4 милиони евра, што значи зголемување на профитабилноста за близу 47,3 отсто во однос на претходната година. И минатата година најголемиот дел од добивките на банките се од нето- приходите од камати. Односно, тоа е разликата меѓу приходите од каматите што тие ги наплатуваат за кредитите, и каматите што им ги плаќаат на штедачите за нивните штедни влогови во банките. Односно, лани нето- приходите од камати достигнале 233,37 милиони евра, за разлика од 2014 година, кога биле 212,73 милиони евра.
Пораст на профитот за близу 50 отсто регистрирал банкарскиот сектор на земјава во минатата година, во однос на претходната, 2014 година.
Односно, сите банки во земјава лани оствариле вкупен профит од 75,4 милиони евра, што значи зголемување на профитабилноста за близу 47,3 отсто во однос на претходната година, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија.
И минатата година најголемиот дел од добивките на банките се од нето- приходите од камати. Односно, тоа е разликата меѓу приходите од каматите што тие ги наплатуваат за кредитите, и каматите што им ги плаќаат на штедачите за нивните штедни влогови во банките.
Односно, лани нето- приходите од камати достигнале 233,37 милиони евра, за разлика од 2014 година, кога биле 212,73 милиони евра. Од провизии и надоместоци се наплатени приходи од 68,8 милиони евра, и тие исто така се зголемени во однос на претходната година. Во текот на минатата година, банките оствариле приходи од камати од секторот држава на износ од 19,2 милиони евра, покажуваат податоците.
Банките секогаш имаат одлична профитабилност, и нивните добивки постојано растат, за разлика од реалниот сектор, кој лани се жалеше дека чувствува сериозни последици од политичката криза врз работењето, што доведе и до намалени резултати кај компаниите.
По основ на лошите кредити, односно на име загуби поради оштетување - исправка на вредноста на финансиските средства, банките лани направиле расходи од 63,76 милиони евра.
Најголем дел од профитот лани бил направен во големите банки, кои оствариле вкупна добивка од 59,7 милиони евра. Средните банки, пак, имаат вкупна добивка од 16 милиони евра. Малите банки, пак, значително ја намалиле нивната вкупна загуба, и таа сега изнесува околу 244 илјади евра.