Банките во земјава се меѓу највредните компании што котираат на Македонската берза. Тие имаат највисока пазарна капитализација меѓу акционерските друштва чии акции се најтргувани на домашниот пазар на капитал. Според Извештајот за јануари што го објави Македонската берза, објавени се десет најтргувани акции на официјалниот пазар, чија вкупна пазарна капитализација изнесува околу 774 милиони евра, што значи дека толку вределе нивните акции ако се продале во исти ден во текот на јануари. Сите останати околу стотина котирани компании тежат околу 1,14 милијарди евра. Или, вкупната пазарна капитализација на компаниите на берзата е околу 1,9 милијарди евра. Кога станува збор за десетте најтргувани акции на Берзата во јануари годинава, нивните акции вкупно вредат 774 милиони евра, односно толку изнесува нивната пазарна капитализација. Меѓу овие десет компании, дури четири се банки, при што двете водечки позиции се резервирани токму за банкарски институции.
Банките во земјава се меѓу највредните компании што котираат на Македонската берза. Тие имаат највисока пазарна капитализација меѓу акционерските друштва чии акции се најтргувани на домашниот пазар на капитал.
Според Извештајот за јануари што го објави Македонската берза, објавени се десет најтргувани акции на официјалниот пазар, чија вкупна пазарна капитализација изнесува околу 774 милиони евра, што значи дека толку вределе нивните акции ако се продале во исти ден во текот на јануари. Сите останати околу стотина котирани компании тежат околу 1,14 милијарди евра. Или, вкупната пазарна капитализација на компаниите на берзата е околу 1,9 милијарди евра.
Кога станува збор за десетте најтргувани акции на Берзата во јануари годинава, нивните акции вкупно вредат 774 милиони евра, односно толку изнесува нивната пазарна капитализација. Меѓу овие десет компании, дури четири се банки, при што двете водечки позиции се резервирани токму за банкарски институции.
Или, прва на листата е Стопанска банка Скопје, чија пазарна капитализација во јануари годинава изнесувала близу 260 милиони евра, што значи дека толку пари ќе добиеле нејзините акционери доколку во исти ден ги продаделе своите акции, при што е земена просечната цена на акциите што е постигната во јануари.
Како втора меѓу најтргуваните акции според пазарна капитализација следува НЛБ Банка, која има пазарна капитализација од 137,5 милиони евра.
Покрај банките, компаниите од фармацевтската индустрија се исто така на врвот на листата според вредноста на нивните акции. Па така, фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ имал во јануари пазарна капитализација од 126,6 милиони евра, со што го држи третото место меѓу највредните најтргувани акции. Потоа следува уште една банка, Комерцијална банка, чија пазарна капитализација изнесува 110,4 милиони евра.
Следува нафтената компанија „Макпетрол“, со пазарна капитализација од 49 милиони евра. Нафтениот дистрибутер се најде во фокусот на инвеститорската јавност во втората половина на минатата година, откако компанијата „Балкан Петролеум лимитед“ објави понуда за преземање на „Макпетрол“.
Следува уште една банка, односно Охридска банка која е на шеста позиција, со пазарна капитализација од 34,2 милиони евра.
Значајна вредност имаат и градежните компании. Па така, во јануари лани „Гранит“ имал пазарна капитализација од 30,5 милиони евра, а по него е „Бетон“, со вредност од 9,8 милиони евра.
Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола има пазарна капитализација од 8,2 милиони евра, и „Топлификација“ има пазарна капитализација од 7,7 милиони евра.
Голем пораст на прометот на обврзници
Извештајот на Берзата за јануари покажува дека во првиот месец од годинава е остварен промет од 3,54 милиони евра. Во споредба со декември лани прометот е само малку зголемен, за 0,8 отсто.
Но, она што е симптоматично е дека има извесно намалување на прометот остварен со тргувањето со акциите, но од друга страна има драстично зголемување на прометот кај тргувањето со обврзниците, каде што влегуваат издадените обврзници на земјава за надомест на денационализацијата.
Прометот со акциите изнесува во јануари 2,86 милиони евра, што е намалување за 20,8 отсто во однос на декември.
Додека, пак, прометот со обврзниците е во јануари 861 илјади евра, што е огромен пораст, за дури 568 отсто во однос на декември лани, кога прометот со обврзниците бил 129 илјади евра. Од извештајот на Берзата се гледа дека во јануари најмногу тргување имало со седмата, деветтата, 13-та, 14-та и 15-та обврзница за денационализација.
Брокерите со кои разговаравме велат дека овој драстично зголемен промет со обврзниците не треба да се гледа како тренд, туку се должи на фактот што еден инвеститор кој поседувал обврзници, се соочил со проблеми со ликвидност. Поради тоа, тој ги продал своите обврзници, и тоа довело до голем пораст на прометот.