Гувернерот Димитар Богов ги остави банките „без зборови“ по неговата најава дека Народна банка на Македонија ќе ги заостри критериумите за добивање на потрошувачките кредити, а истото најверојатно ќе важи и за кредитните картички и за тековните сметки. Банкарите, неофицијално, коментираат дека ќе треба да седнат и да се договорат кој ќе биде нивниот одговор до гувернерот, бидејќи сите во овој период имаат кампањи и промотивни понуди, токму за потрошувачки кредити. Тие велат дека и досега „лесно“ не ги одобрувале овие заеми, туку напротив внимавале кој може, а кој не, да добие потрошувачки кредит. А, барањето, односно предлогот на гувернерот, е токму тоа, потрошувачки кредит да можат да земат само оние граѓани за кои навистина банките ќе биде сигурно дека ќе можат да ги вратат. Всушност, целта на мерката е банките да се насочат повеќе кон претпријатијата и кон станбените кредити.
Гувернерот Димитар Богов ги остави банките „без зборови“ по неговата најава дека Народна банка на Македонија ќе ги заостри критериумите за добивање на потрошувачките кредити, а истото најверојатно ќе важи и за кредитните картички и за тековните сметки. Банкарите, неофицијално, коментираат дека ќе треба да седнат и да се договорат кој ќе биде нивниот одговор до гувернерот, бидејќи сите во овој период имаат кампањи и промотивни понуди, токму за потрошувачки кредити. Тие велат дека и досега „лесно“ не ги одобрувале овие заеми, туку напротив внимавале кој може, а кој не, да добие потрошувачки кредит.
А, барањето, односно предлогот на гувернерот, е токму тоа, потрошувачки кредит да можат да земат само оние граѓани за кои навистина банките ќе биде сигурно дека ќе можат да ги вратат. Всушност, целта на мерката е банките да се насочат повеќе кон претпријатијата и кон станбените кредити. Големите банки не ја коментираат најавата на гувернерот, само од Охридска банка потенцираат дека и сега банките внимаваат да има баланс во одобрувањето на нови заеми кон граѓаните и кон компаниите.
„Во политиката на Охридска банка, Групација „Сосиете женерал“, се води сметка за рамнотежа и за грижа за сите сегменти на економијата, вклучително за населението и за компаниите. Ние сме постојано мобилизирани на тој начин што водиме сметка да пресретнеме каква било презадолженост кај нашите клиенти, да имаат доволно на располагање за трошоците за живот и да имаат средства за неопходни и значајни инвестиции. Треба да се учи од лекциите од минатото и да се предвидат потенцијалните штетни настани. Охридска банка ќе ги спроведе насоките од Народна банка на Македонија и ќе продолжи да го поддржува одржливиот развој на економијата“, вели Стефан Туати, Член на Управен одбор - Охридска банка, Групација „Сосиете женерал“.
Инаку, според најавата на гувернерот, мерката што ја подготвува централната банка, а која се очекува да се примени од наредната година, ќе биде во насока да ги изолира потрошувачките кредити, односно да ги направи поскапи. Но, не преку повисоки камати, тврди гувернерот.
„Може да се направи да има од банките поголема потреба на издвојување на капитал за таков вид кредити. Сега пондерот е 100 отсто за потрошувачките кредити, колку што е и за корпоративните кредити, но ако за потрошувачките кредити биде повеќе, тогаш тие ќе треба да издвојат поголем капитал што автоматски ќе ги направи не толку атрактивни за банките“, вели гувернерот.
Тој рече дека се' уште се размислува дали новата мерка ќе се однесува и на минусните салда на картичките.
„Битно е дека кога зборувам за потрошувачки кредити, сите од таа лепеза имаат доста висока стапка на раст и сите се слични по својата намена, така што ќе видиме како ќе изгледа конечната мерка“, нагласи гувернерот.
Централната банка смета дека потрошувачките кредити растат со забрзано темпо и дека тоа во иднина може да претставува ризик. Според податоците на НБРМ, се' уште нема негативни тенденции на нефункционалните кредити кај потрошувачките кредити, иако стапката на пораст е повисока отколку кај другите кредити. Стапката на проблематичните заеми во последниве години се движи меѓу 11 и 12 отсто. И досега, и банкарите, и од централната банка коментарите беа дека нема простор за паника, иако од Светска банка предупредија дека проблематичните кредити можат да бидат закана за Балканот како и за европските земји.