„Баумер“ отвори фабрика во Бунарџик, ќе извезува сензорска технологија

Bez autora
Oct 31 2019

Денеска, свечено беше означен почетокот на работата на новата фабрика на „Баумер“ во Трговско индустриската зона 1 во Бунарџик, Скопје. Компанијата „Баумер“ од Швајцарија е една од светски најпознатите производители на сензори, инструменти за мерење, испитување и навигација според најмодерна технологија и се употребуваат во автомобилската, индустриската, медицинската наука, во авиоиндустријата, кај мобилните уреди, во градежниот сектор и во други области. Компанијата има вработено 2.500 вработени во светот, а како што беше најавено, во оваа своја фабрика во нашата земја, во која ќе бидат вложени 4,7 милиони евра, во првата фаза ќе вработи 150 граѓани.

„Баумер“ отвори фабрика во Бунарџик, ќе извезува сензорска технологијаДенеска, свечено беше означен почетокот на работата на новата фабрика на „Баумер“ во Трговско индустриската зона 1 во Бунарџик, Скопје.

Компанијата „Баумер“ од Швајцарија е една од светски најпознатите производители на сензори, инструменти за мерење, испитување и навигација според најмодерна технологија и се употребуваат во автомобилската, индустриската, медицинската наука, во авиоиндустријата, кај мобилните уреди, во градежниот сектор и во други области. Компанијата има вработено 2.500 вработени во светот, а како што беше најавено, во оваа своја фабрика во нашата земја, во која ќе бидат вложени 4,7 милиони евра, во првата фаза ќе вработи 150 граѓани.

„Станува збор за компанија која е синоним за квалитет, компетентност и софистицирани производи и решенија што ги исполнуваат највисоките технолошки стандарди и сигурно ги задоволуваат потребите на клиентот во секое време“, истакна премиерот Заев и додаде дека како и „Баумер“, така и политиките на Владата се насочени кон поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии. Остварувањето на таа цел, изјави Заев, секогаш ќе овозможува да се биде чекор понапред од пазарот и да се приближите кон потребите.

На свечената церемонија по повод пуштањето во работата на фабриката „Баумер“, на која присуствуваа и сопствениците на Групацијата Баумер, Оливер Вице и Кристијан Вице, вицепремиерот Кочо Анѓушев, амбасадорката на Швајцарија во земјата, Сибил Сутер Техада, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Александар Младеновски, и други гости, премиерот Заев ја издвои како особено значајна и развојната компонента во бизнис-планот на компанијата, која планира изградба на нова зграда за проширување на производството и да оформи центар за истражување и развој, со што во фабриката „Баумер“ во Северна Македонија ќе се отворат можности за дополнителни 500 работни места.

Анѓушев во своето обраќање го потенцира фактот што компанијата „Баумер“ е една од најдобрите во светот на високата технологија и нејзината фабрика во нашата земја е во согласност со политиките во поддршката на странските инвестиции да се привлечат колку што е можно повеќе вакви компании.

„Им благодарам што ја избраа нашата земја, со што се потврдува дека Законот за финансиската поддршка на инвестициите е атрактивен и дека привлекува голем интерес во светот. Во таа насока на успешност говорат и бројките дека за две години 20 компании почнаа да ги градат своите фабрики во ТИРЗ-овите, како и десеттина други надвор од зоните“, нагласи Анѓушев.

Директорот на Дирекцијата за трговско-индустриски зони, Александар Младеновски, упати честитки на сопствениците и менаџерите на „Баумер“ за почетокот на работата на нивната фабрика.

„За кус период двете страни, и менаџерите на ‘Баумер’ и ние од дирекцијата за ТИРЗ и од економските ресори во Владата на Северна Македонија, вложивме огромни напори и ги остваривме сите точки од планираната изградба и опремување на фабричките капацитети за да почне фабриката да работи“, рече Младеновски.

Оливер Вице, еден од сопствениците на „Баумер“, во својот говор нагласи дека одлуката на компанијата да инвестира во Северна Македонија е донесена поради поволните политики за поддршка на странските инвестиции, поради постоењето висококвалификувана работна сила, како и поради пристапот до пазарот на ЕУ за пласирање на производите.

„Никогаш досега не сме изградиле толку бргу и тоа што е особено битно е што е постигнато според нашите швајцарски стандарди за градење и за почнување на технолошкиот процес. Тие критериуми тука се исти како и оние во Швајцарија или Германија“, истакна Оливер Вице.

Амбасадорката Техада истакна дека компаниите од оваа земја се многу внимателни кога донесуваат одлуки каде да инвестираат.

„Нивните очекувања се многу повеќе од квалификувана работна сила. Компаниите од Швајцарија очекуваат и поволна и предвидлива средина за бизнис и ми претставува големо задоволство да соопштам дека постои значително зголемен интерес кај швајцарските компании да инвестираат во Северна Македонија“, потенцира амбасадорката Сутер Техада.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik