Бектеши: 60 милиони денари за локален туризам и за граѓаните со ниски примања

Bez autora
Aug 31 2017

Министерот за економија, Крешник Бектеши, ја претстави новата владина мерка од 60 милиони денари за субвенционирање на домашниот туризам и на граѓаните со ниски примања. Со овие средства ќе им се обезбеди петдневен одмор во домашните угостителски капацитети надвор од сезоната на семејства со месечни примања до 22 илјади денари. По предлог на Министерството за економија, Владата, само една недела по враќањето на евтината тарифа на електричната енергија, донесе мерка со која им нудиме на работниците со примања до 22.000 денари да искористат годишен одмор надвор од сезоната во туристичките центри на Република Македонија, сами или со членовите на потесното семејство во вкупна вредност од 15.000,00 денари, изјави министерот Бектеши.

Бектеши: 60 милиони денари за локален туризам и за граѓаните со ниски примањаМинистерот за економија, Крешник Бектеши, ја претстави новата владина мерка од 60 милиони денари за субвенционирање на домашниот туризам и на граѓаните со ниски примања. Со овие средства ќе им се обезбеди петдневен одмор во домашните угостителски капацитети надвор од сезоната на семејства со месечни примања до 22 илјади денари.

– По предлог на Министерството за економија, Владата, само една недела по враќањето на евтината тарифа на електричната енергија, донесе мерка со која им нудиме на работниците со примања до 22.000 денари да искористат годишен одмор надвор од сезоната во туристичките центри на Република Македонија, сами или со членовите на потесното семејство во вкупна вредност од 15.000,00 денари – изјави министерот Бектеши.

Со оваа мерка, според Бектеши, покрај работниците, исто така имаат корист и туристичките центри и хотелите, кои веднаш по завршувањето на летната сезона работат со минимален капацитет и на тој начин ќе им се помогне да го зголемат бројот на туристи надвор од туристичката сезона.

– Одморот ќе се организира во нашите туристички центри надвор од живеалиштето, каде што пријавените живеат за период не подолг од 5 дена, а потврдата ќе ја издаде Министерството за економија,според принципот прв дојден, прв услужен – рече министерот Бектеши.

Министерството за економија во наредните денови ќе објави два јавни повика: еден за интересот на хотелските објекти, кои ќе добијат потврди од Министерството за економија и уште еден јавен повик за добивање потврда за организирање одмор за граѓаните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik