Бектеши: Работиме на подобрување на законодавството за поголема заштита на потрошувачите

Bez autora
Jul 30 2019

На овој начин, како што потенцираше Бектеши, Министерството ги спроведува своите законски надлежности, а тоа е јакнење на граѓанските организации да ги штитат правата на потрошувачите. Претседателката на Организацијата на потрошувачи, Маријана Лончар-Велкова, истакна дека сертификацијата означува дека компаниите се грижат за производите, за услугите, дека имаат фер практики кон потрошувачите, односно дека се грижат потрошувачите да бидат задоволни, а исто така дека обрнуваат внимание на производите да не бидат штетни за животната средина. Денес завршуваме еден циклус на сертификација и почнуваме нов, во кој и други компании ќе ни се придружат заеднички да создаваме амбиент за задоволни потрошувачи преку примена на фер практики, истакна Лончар-Велкова. Сертификатот се издава од сертификациско тело кое е креирано од трите организации (Организацијата на потрошувачите (ОПМ), ЗБК Креација и Асоцијацијата Зенит) со повеќегодишно искуство при заштита на потрошувачите и унапредување на конкурентноста на македонската економија.

Бектеши: Работиме на подобрување на законодавството за поголема заштита на потрошувачитеОсновната цел на нашата политиката за заштита на потрошувачите е унапредување и заштитата на правата на потрошувачите преку подобрување на законодавството, подобра информираност и едукација на потрошувачите, остварување на правото за спогодбено решавање на споровите како и зајакнување на соработката помеѓу институциите.

Министерството за економија како надлежно министерство за заштита на потрошувачите ги следи политиките на Европската унија и предложи мерки и инструменти во Програмата за заштита на потрошувачите за периодот 2019–2020 година со кои се опфатени поголем број институции кои покрај ресорното министерство даваат поддршка на граѓанските организации за информирање, едукација, советување и алтернативно решавање на спорови со потрошувачите, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешното доделување на сертификатот „Фер со потрошувачот.

Вкупно 45 компании денеска добија сертификат „Фер за потрошувачот“ за компании со јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, со фер пазарни практики и спогодбено решавање поплаки и спорови, како и кои ја штитат приватноста на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.

На овој начин, како што потенцираше Бектеши, Министерството ги спроведува своите законски надлежности, а тоа е јакнење на граѓанските организации да ги штитат правата на потрошувачите.

Претседателката на Организацијата на потрошувачи, Маријана Лончар-Велкова, истакна дека сертификацијата означува дека компаниите се грижат за производите, за услугите, дека имаат фер практики кон потрошувачите, односно дека се грижат потрошувачите да бидат задоволни, а исто така дека обрнуваат внимание на производите да не бидат штетни за животната средина.

„Денес завршуваме еден циклус на сертификација и почнуваме нов, во кој и други компании ќе ни се придружат заеднички да создаваме амбиент за задоволни потрошувачи преку примена на фер практики“, истакна Лончар-Велкова.

Сертификатот се издава од сертификациско тело кое е креирано од трите организации (Организацијата на потрошувачите (ОПМ), ЗБК Креација и Асоцијацијата Зенит) со повеќегодишно искуство при заштита на потрошувачите и унапредување на конкурентноста на македонската економија.

Цената за сертификација е формирана според големината на компанијата. Министерството за економија преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво надоместува 50 отсто од трошоците за сертификација на за мали и средни претпријатија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik