„Бел Камен“ е новиот хотелски комплекс на планината Плачковица, кој викендов беше предаден во употреба. Комплексот „Бел Камен“ е сопственост на познатата радовишка градежна компанија „Алфа инженеринг“. Лоциран е на планината Плачковица, на надморска височина од 1.450 метри, сред густа борова и дабова шума и пространи ливади. Централен објект во комплексот е преубавиот хотел кој надворешно се вклопува во околината, а внатрешно ги има сите потреби кои ги бара современиот турист. Новата радовишка гордост, во присуство на преку двестотини гости ја освети митрополитот на Брегалничката епархија владиката Иларион.
„Бел Камен“ е новиот хотелски комплекс на планината Плачковица, кој викендов беше предаден во употреба.
Комплексот „Бел Камен“ е сопственост на познатата радовишка градежна компанија „Алфа инженеринг“. Лоциран е на планината Плачковица, на надморска височина од 1.450 метри, сред густа борова и дабова шума и пространи ливади. Централен објект во комплексот е преубавиот хотел кој надворешно се вклопува во околината, а внатрешно ги има сите потреби кои ги бара современиот турист. Новата радовишка гордост, во присуство на преку двестотини гости ја освети митрополитот на Брегалничката епархија владиката Иларион.
„Радовиш одамна нема хотел, а град без хотел не е град. Од тие причини решив да инвестирам во хотелски комплекс, но не во градот туку на посебно место, до кое се стигнува за дваесеттина минути возење по убав асфалтен пат. Хотелско – туристичкиот комплекс зафаќа површина од 45.000 метри квадратни, има игралишта за сите мали спортови и за драјвинг голф, околината е со многу патеки за прошетки низ густите шумски предели. Додека во Радовиш, Штип и Скопје температурите преку лето се и до 38 степени тука дневните температури никогаш не се искачуваат над 24 степени“, вели Ацо Ристов, сопственик на „Алфа инженеринг“.
Хотелот има сместувачки капацитет во луксузно опремени соби за 60 гости, има ресторан за 200 и летна тераса за 300 лица. Овде се нудат националните но и локални гастрономски специјалитети. Во хотелот има најсовремен спа центар , парна бања, финска сауна, џакузи и салон за масажа каде може да се добие комплетен третман.
„Ова беше мојот сон. Мојата компанија на градот да му подари современ хотелско – туристички центар бидејќи во Радовиш доаѓаат деловни луѓе но и туристи кои на прво место сакаат да ги видат црквата „Свети Троица“ на ктиторот Ристо Гуштеров и преубавиот нов манастирски комлекс во Ораовица на ктиторот Николајчо Николов. Сега тие добиваат можност и за подолг престој во градот“, посочува Ристов кој за реализација на оваа своја идеја го купи поранешното детско одморалиште и во новата градба инвестира три милиони евра.