„Бела листа“ на компании го намалува ризикот од работењето

Bez autora
May 08 2017

За малите и средни компании од исклучителна важност е да знаат со каков деловен партнер имаат работа, каков е неговиот бонитет и како ги извршува своите обврски, но и обратно, какви се нашите фирми. До овие информации не е секогаш едноставно да се дојде, особено ако станува збор за надворешно трговскиот промет. Со цел да им помогне на ваквите фирми, Стопанската комора на Македонија денес промовира неколку активности кои, како што велат, можат да им помогнат на стопанствениците да ги намалат ризиците од работењето. Станува збор за т.н. „бела листа“ на микро, мали и средни компании, достапност до бонитетни извештаи за над 12 милиони фирми од 165 земји и изработка на бонитетни извештаи за македонски фирми, што ќе им помогне во склучувањето зделки на странските пазари.

„Бела листа“ на компании го намалува ризикот од работењетоЗа малите и средни компании од исклучителна важност е да знаат со каков деловен партнер имаат работа, каков е неговиот бонитет и како ги извршува своите обврски, но и обратно, какви се нашите фирми. До овие информации не е секогаш едноставно да се дојде, особено ако станува збор за надворешно трговскиот промет.

Со цел да им помогне на ваквите фирми, Стопанската комора на Македонија денес промовира неколку активности кои, како што велат, можат да им помогнат на стопанствениците да ги намалат ризиците од работењето. Станува збор за т.н. „бела листа“ на микро, мали и средни компании, достапност до бонитетни извештаи за над 12 милиони фирми од 165 земји и изработка на бонитетни извештаи за македонски фирми, што ќе им помогне во склучувањето зделки на странските пазари.

„Ако големите земји и големите компании глобализираат, малите компании мора да бидат потранспарентни со цел да ги препознаат на меѓународните пазари и да соработуваат меѓу себе“, беше истакнато денес на прес конференција во Стопанската комора. Транспарнтноста е првата работа на која што помислуваат инвестиоротите пред каква било инвестициска одлука, дадаваат од комората.

„Една од активностите е издавањето сертификат ’Excellent SME MACEDONIA‘ со единствена цел создавање т.н. ’бела листа‘ на микро, мали и средни компании во нашата земја на кои ќе им се олесни пристапот до нови бизнис партнери и клиенти“, вели Анета Трајковска, директор на Дирекцијата на други форми на организирање и работење при Стопанската комора.

„Сертификатот претставува потврда за добро водена, финансиски стабилна компанија со умерен или низок ризик од неплаќање на договорните обврски“, додаде Трајковска.

Таа објасни дека носителите на овој сертификат во нашата земја годишно прават обрт од 560,9 милиони евра, остваруваат добивка по оданочување од 32,8 милиони евра и вработуваат 5.507 лица. Во овој проект се вклучени девет земји (Словенија, Србија, Македонија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Романија, Словачка, Унгарија, а во најава е и Германија).

„Сите носители на овој сертификат од сите земји од септември годинава ќе имаат можност преку единствена платформа да воспостават размена на информации, контакти, податоци и да ги претстават своите производи и услуги, да пребаруваат потенцијални партнери за соработка, а при тоа да се сигурни дека станува збор за компании кои се без ризик во работењето“, објасни Трајковска. Таа додаде дека за добивање на сертификатот треба да се задоволат и неколку критериуми: годишен промет од најмалку 25 илјади евра, најмалку 250 вработени, како и оценка за кредитниот рејтинг од Кофаш – Хрватска од најмалку „6“. Важноста на сертификатот е една година, но се повлекува ако оцената од Кофаш падне под 6.

Комората исто така овозможува достапност до бонитетите на над 12 милиони компании од 165 земји од светот.

„На нашите компании им препорачуваме да побараат бонитетен извештај за нивниот потенцијален деловен партнер, со што се намалува ризикот од можни злоупотреби во работењето, ризик од стечај или задоцнети плаќања“, истакна Трајковска.

За полесен настап во странство, Стопанската комора почна да изготвува и да издава бонитетни извештаи за македонски фирми, односно извештаи за категоризација на трговски друштва од областа на производството, услугите и трговијата, со кои се оценува степенот на ризик за плаќање на финансиските обврски. Во основа, станува збор за три вида извештаи – за парични текови, за финансиски ризик и за сеопфатен ризик. Мислењето за категоризацијата на компаниите според степенот на ризик се темели на квантитативна и квалитативна анализа, при што меѓу другото се анализраат профитабилноста, солвентноста, адекватноста на паричните текови, степенот на покриеност на долг, ризици на дејноста, деловни ризици, ризикот на земјата...

Инаку, од вкупно 20 милиони компании, колку што се во Европската унија, 99 отсто се мали и средни фирми. Тие придонесуваат во домашниот бруто-производ на ЕУ со 75 отсто и обезбедуваат преку 80 милиони работни места, беше посочено на прес конференцијата.

Слично е и во нашата земја – 98 отсто од 71.519 фирми колку што ги има, се мали и средни компании, а тие учествуваат со 68 отсто во БДП и со две третини кај вработените.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik