Бензините од синоќа повторно поскапеа и тоа за два денара. Регулаторната комисија за енергетика вчера одлучи да ја зголеми цената на бензинот, додека таа на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинството остана иста. Сега „евросупер БС-95“ се продава за 77 денари за литар, а „евросупер БС-98“ за 78,5 денари. Дизелот чини 68,5 денари, а екстра-лесното масло за домаќинство 59,5 денари. Регулаторната комисија ја зголеми и цената на мазутот за 0,27 денари за килограм, па така тој сега чини 43,178 денари. Новото поскапување на бензините доаѓа во период кога дел од дистрибутерите на нафта бараат Владата да преземе дополнителни мерки за граѓаните да се заштитат од нов ценовен шок. Министерот за финансии Зоран Ставрески вчера ги повика дистрибутерите да се откажат од големите заработки од продажбата, а не само да чекаат Владата да реагира на секое покачување на цената на нафтата на светските берзи.
Бензините од синоќа повторно поскапеа и тоа за два денара. Регулаторната комисија за енергетика вчера одлучи да ја зголеми цената на бензинот, додека таа на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинството остана иста.
Сега „евросупер БС-95“ се продава за 77 денари за литар, а „евросупер БС-98“ за 78,5 денари. Дизелот чини 68,5 денари, а екстра-лесното масло за домаќинство 59,5 денари. Регулаторната комисија ја зголеми и цената на мазутот за 0,27 денари за килограм, па така тој сега чини 43,178 денари.
Новото поскапување на бензините доаѓа во период кога дел од дистрибутерите на нафта бараат Владата да преземе дополнителни мерки за граѓаните да се заштитат од нов ценовен шок. Министерот за финансии Зоран Ставрески вчера ги повика дистрибутерите да се откажат од големите заработки од продажбата, а не само да чекаат Владата да реагира на секое покачување на цената на нафтата на светските берзи.
Ставрески рече дека Владата секогаш има волја да седне со бизнис-секторот и да разговара за предлозите како да се ублажи ценовниот удар кај нафтата.
- Но, јас имам подобар предлог за дистрибутерите. Нивната маржа е 3,2 денари на секој литар. Добро би било кога таа би се намалила за 1,5 денари, односно за толку да се откажат од сопствената маржа во овој период и со тоа да им помогнат на граѓаните - изјави Ставрески.
Тој објасни дека привременото намалување на акцизите ќе се одрази врз буџетот, кој ќе остане „покус“ за околу 10 милиони евра. Но, истакна Ставрески, тие пари ќе се компензираат преку заштеди на други расходи.
Запрашан дали Владата ќе интервенира и за мазутот, Ставрески одговори дека презеле мерки секаде каде што можеле.
- Никој не може целиот товар од светските движења да го понесе сам. Потребно е стопанството, дистрибутерите на нафта и сите други субјекти да понесат дел од товарот. Ние направивме максимално што може. Се откажавме од 10 милиони евра од акцизи и сметам дека тоа е голем придонес на државата за заживување на стопанството и за ублажување на ценовниот удар - рече Ставрески.
Првиот човек на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, во интервју за телевизијата „Алсат“ изјави дека Владата можела да разговара со менаџментот на „Окта“ и да побара рафинеријата во одреден период да не ги качува рафинериските цени, со напомена дека државата тоа подоцна ќе ~ го надомести. Јосифовски во интервјуто истакна дека владините мерки се нецелосни бидејќи е изоставен еден многу важен дериват како што е мазутот, а кој е многу значаен за целата економија. Односно, дека годишно во земјава се трошат 120.000 тони бензини, а мазут се троши 200.000 тони и тоа најмногу во стопанството. Поради тоа, рече Јосифовски, коригирањето на ДДВ за мазутот, како и за бутан-пропанот и за природниот гас, директно ќе ~ помогне на економијата.